понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Просветниот инспектор Илиевски на средба во германската амбасада

Објавил: Узунов Бобан | 12 септември, 2019 9:13

Просветниот инспектор Илиевски на средба во германската амбасада !

Фото/Текст извор: ©магазин

Соопштение: денес во 10ч просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски, кој откри незаконски професорски звања на двајца министри од ДУИ, за што беше и деградиран од директорот на просветниот инспекторат, денес ќе има средба на таа тема во Германската амбасада. Во 11ч ќе одржи ПРЕСС конференција пред германската амбасада.

Според тврдењата на просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, кој утврди дека тројца актуелни функционери незаконски против него се води хајка поради откриениот скандал.  

Неговата “вина“ е тоа што информирал дека тројца високи функционери на ДУИ, незаконски се унапредени на државниот универзитет во Тетово.

По поведената дисциплинска постапка тој изјави: 

-Денеска е закопана правната држава во Македонија. Ваков чин на една дисциплинска постапка, каде што не се дозволи да биде јавноста и новинарите, тоа е недопустливо. Сакав јавно да проговориме за јавните функцинери да им дадеме порака и на сите други, како што јас се одважив и гласно кажав што се случи со министерот за образование, заменик-министерот за внатрешни работи и директорот за индустриска сопственост, кои незаконски се унапредувале и добивале и парични средства за интелектуални услуги. Денес по не знам која логика носи некое решение Второстепената комисија дека им се уважува жалбата, рече Илиевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.