Последниот Попис на население во Македонија беше спроведен пред 17 години

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 јули, 2018 10:48

Еуростат не преброја – ние со Попис во 2020 година

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Статистичката канцеларија на Европската Унија – Еуростар не преброја. Во Македонија имало 2.075.300 жители што е за 1.600 жители повеќе од минатата година кога сме биле 2.073.700 жители.

Државниот завод за статистика ќе не брои во 2020 година од 1-ви до 21-ви април или 19 години по последниот Попис.

Овој податок говори дека во Македонија од целокупното население  85.7% се полнолетни граѓани со право на глас или електорат а 14.3% се малолетни граѓани. По статистиките податоци и Единствениот избирачки список кој се користеше последен пат на локалните избори 2017 година во Македонија имаме 1.814.644 полнолетни граѓани со право на глас.

Притоа ако ги користиме статистиките на Еуростат во Македонија имаме 260.656 малолетни жители исклучувајќи ги статистичките податоци на починати лица и лица кои во текот на изминатите 10 месеци наполниле 18 години и преминале во категоријата граѓани со право на глас.

Има ли Македонија повторно повеќе гласачи од жители?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија