Тој очекува дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција.

Објавил: Рејхан Бајрами | 22 септември, 2019 21:00

ХУМАНИОТ НИКОЛОВСКИ: „Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели„

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, кој сега генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, објави дека ги донирал сите дневници во неговиот мандат за хуманитани цели и ги повика останатите функционери да го направат истото.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, на социјалните мрежи напиша дека сите дневници во неговиот мандат како министер ги донирал во хумани цели. Тој очекува дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. 

„Сите дневници во мојот мандат како министер ги донирав во хумани цели. Очекувам дека избраните функционери ќе бидат пример кога се на позиција. Уште повеќе, се откажав од функцијата и од сите привилегии. За да граѓаните се пред сите нас. Затоа сум за кратење на бенефиции на избраните и именувани лица. Со пример да покажеме!“, објави Николовски.

Љупчо Николовски беше поранешен министер за земјоделство во владата од 2017. 

Во февруари 2014 бил назначен за шеф на кабинет на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а од ноември 2015 до мај 2016 бил дополнителен заменик-министер за земјоделство во техничката влада на Емил Димитриев. Во 2017 бил именуван за прв човек на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести