Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа „и затоа сум многу прецизен одредени држави не се за бугарското вето, но немаат ништо против бугарското вето“.

Објавил: Владо Марин | 25 јуни, 2021 11:44

Николоски: Отидов сам во Луксмебург и покрај се да лобирам за датум за преговори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јас на сопствена иницијатива со воз отидов во Луксембург се видов со тие со коо можам да се видам, значи од позиција на опозиција без никаква формална причлчина и ги молев Македонија да добие датум за преговори.  За жал не ги видов ни Османи, Димитров, ниту Заев  не ги видов таму што говори колку се сериозни кон својата работа. Можат да кажат дека не било поканети, но и ја не бев поканет и дополнително сум опозиција, но отидов таму да се борам за Македонија, рече потпретседателот на ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на телевзија Сител.

Јас лично се борам за сопствената држава, но одлуките не ги носам јас, не ги носи ни ВМРО-ДПМНЕ, ги носи Владата. Мора да имаат чисто досие за да ко ќе отидат таму да бидат разоружани сите други држави да го направат притисокот врз Бугарија“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ јасно укажа „и затоа сум многу прецизен одредени држави не се за бугарското вето, но немаат ништо против бугарското вето“.

Николоски коментирајќи ја анкетата на ИРИ која се појави скоро во јавноста вели дека има недоследности како што е многу чудно што анкетата е правена во месец март, а е објавена во јуни.

Маргината за грепка за локални е 6%, а стандардна маргина на грешка е под 3%. И последното најважно е нереално прашање дали би гласале за Шилегов од СДСМ или кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ кој во моментов не е објавен. Така граѓаните не можат да одлучат бидејќи не е исто кој ќе биде кандидат, затоа луѓето одлучуваат и за личности, рече Николоски.

Тој додаде дека во однос на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ се подготвува  и води интензивни разговори со постојните коалициони партнери.

– Имавме со посредство на фондацијата „Конрад Аденауер“  интензивен дијалог со политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива, сметам дека тоа е еден конструктивен дијалог кој треба да  го продолжиме следниот период, нагласи Николоски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести