-Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени.

Објавил: admin@magazin | 23 септември, 2019 19:46

TEШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА КАЈ ЕЛБАСАН: Четири жени од погреб заминаа во смрт!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи попладнево на патниот правец Елбасан-Пеќин, четири лица го загубија животот, а две се тешко повредени.

Во тешката сообраќајната несреќа учествувале три автомобили, во близина на селото Папер. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, стои во соопштението.

-Во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Папер, животот го загубија четири жени а двајца мажи се тешко повредени. Жените, кои се на возраст од 30, 55, 60 и 68 години заедно со едно од повредените лица се враќале од погреб. Причина за несреќата е влажниот коловоз и неприлагодената брзина според условите на патот, поради што возилото во кое биле настраданите се излизгало и удрило во еден, па во друг автомобил и излетало од патот, стои во соопштението.

Во извештајот на Светска банка стои дека Албанија има едно од највисоките нивоа на смртност во сообраќајни несреќи во Европа, со просечно 84,7 загинати годишно на 100 илјади возила.
Според Банката. овој податок е најмалку двапати повисок од оној во земјите од регионот, каде смртноста при сообраќајки изнесува од 13,8 загинати на 100 илјади возила во Грција, до 41,3 во Црна Гора.
Доколку се направи споредба со податоците во развиените западни земји, смрттноста при сообраќајни несреќи во Албанија е дури и десетпати повисока.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...