Шефот на руската држава разговарал со боксерите на маргините на Меѓународниот спортски форум „Русија-спортска држава“ кога спортистите му подариле боксерска ракавица и го повикале на тренинг со нив.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 октомври, 2019 12:26

Бев истепан во младоста, ми го скршија носот и го наместија на лице место- Путин открива долго чувана тајна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Иако многумина не би поверувале во вакво нешто, сепак претседателот на Русија, Владимир Путин во една прилика додека разговарал со боксерите на Меѓународниот спортски форум раскажа дека носот му бил скршен додека во младоста тренирал бокс.

Шефот на руската држава разговарал со боксерите на маргините на Меѓународниот спортски форум „Русија-спортска држава“ кога спортистите му подариле боксерска ракавица и го повикале на тренинг со нив.

Владимир Владимирович Путин е руски политичар и моментален претседател на Русија од 7 мај 2012 година. Путин претходно бил претседател во периодот од 1999 до 2008 година и премиер на Русија во периодот од 1999-2000 и 2008-2012 година. Путин исто така е претседател на партијата Единствена Русија и Претседател на Советот на министри на унијата Русија-Белорусија во периодот од 2008 до 2012 година.

Подарокот го потсетил рускиот претседател на времето кога тој почнал да тренира бокс, од кој мноу брзо се откажал поради скршениот нос.

„Првиот спорт со кој се занимавав е бокс. Ми го скршија носот и се се прекина. На лекар не отидов, ми го наместија“, рекол Путин.

Тој додал дека скршеницата многу долго зараснувала, така што одлучил да се посвети на друг вид спорт.

Путин е еден од ретките претседатели кои внимаваат на својата кондиција, па уште од мали нозе активно се занимава со спорт. Тренира бокс, хокер, џудо, а сака и да скија.

Владимир Путин почнал да тренира џудо на 11 години. Путин стана шампион на Ленинград во Џудо кога имаше 21 година и се стекна со звањето мајстор на спортот. Во 1999 година беше објавена книгата „Часови по џудо со Владимир Путин“, а претседателот учествуваше и на снимање на часови по џудо за почетници.

За разлика од џудото, хокејот е едно од најновите хоби на Путин.

Еден од омилените спортови на Путин е и алпското скијање а негов личен тренер по скијање е Леонид Тјагачов, поранешен претседател на Рускиот олимписки комитет и поранешен скијач и тренер.

Кога е на годишен одмор, Владимир Путин обожава да нурка на дното од реката или од морето каде решил да се релаксира, а исто така го обожава и риболовот па често пати може да го забележиме со трска како се рекреира и лови риба. Пешачењето исто така го издвојува како нешто што задолжително го прави за да ја одржи својата кондиција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.