Претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за виенскиот ” Die Presse” истакна дека Македонија направи буквално се што е во нејзина моќ па дури и го промени името за да добие датум за преговори.
Пендаровски во интервјуто нагласува “дури и името го сменивме”.., а датум за ЕУ не добивме.
Не се надеваме на позитивен сигнал, туку очекуваме позитивна одлука, изјави претседателот Пендаровски за ” Die Presse”.
Тој нагласува дека изминатата година Македонија ги исполни сите барања, и сега очекува награда.
Во минатата година ипол, исполнивме се што требаше да исполниме. Дури го сменивме и името на нашата држава по историскиот договор со Грција. Ниту една друга земја кандидат не го направила тоа претходно, вели во интервјуто претседателот на државава.
Пендаровски истакна дека доколку процесот на приближување е базиран на перфонманси, тогаш нашата земја очекува ни помалку ни повеќе туку да биде оценувана според своите заслуги.
Мојата порака е дајте ни шанса и дозволете ни да покажеме дека сме подготвени за ЕУ, вели Пендаровски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.