Новинарката Драгана Трипиќ (58) пронајдена е мртва во својот стан а според првичните информации таа извршила самоубиство, поради кредитот што го имала во Швајцарски франци.
Телото на 58-годишната новинарка утрово го пронајде нејзината ќерка, објави курир.рс.
Само неколку часа пред овој трагичен настан, новинарката Драгана Трипиќ на својот Фејсбук профил со пријателите сподели спомен, односно фотографија која е објавила пред повеќе од две години.
На фотографијата Драгана фарба столица со насмеано лице, а како опис на фотографијата напишала „Бохо техника, опуштање„
Ми трепери гласот и со голема тага, мајката на Новак Ѓоковиќ, Дијана вели дека веста за смртта на новинарката Драгана Трипиќ која извршила самоубиство во својот стан, неизмерно ја погодила.
Тие две беа пријателки, но на неа новинарката никогаш ништо не и рекла дека има некаков проблем. Дијана жали што на било кој таа се нема пожалено, сигурно некој би и помогнал.
– Пред малку ја прочитав веста и се шокирав. Последнава година дена често не се слушавме но си пишувавме пораки. Навистина не знаев дека има некој проблем поради што го направи ова. Жал ми е што ако имала проблем не го споделила со никого, сигурно сум дека некој ќе и помогнеше, додала Дијана.
Ова новинарката која изврши самоубиство во својот стан, телото го пронашла нејзината ќерка.
– Беше секогаш радосна и весела, подготвена за шала. Беше жена полна со живот. Не знаев дека нешто ја мачи, тоа не можеше да за забележи по неа, но сега касно е.
Често гостувала во различни забавни емисии и шоу прогами на ТВ Пинк, а публиката со години имаше прилика да ја гледа и како член на новинарското жити во една музичка емисија. Во 2011 година се проба и како учесничка во реалното шоу Двор кое се емитуваше на ТВ Пинк.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.