Голема трагедија ја потресе Македонија кога едно лице загина откако се преврте трактор и удри во дрво на излез од дело Двориште, во Берово.
Вчера околу 17.20 часот на излез од селото Двориште, беровско, 47-годишниот С.Г. од селото управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел, по што удрил во дрво.
Во незгодата, на местото починал 50-годишниот З.Ч. од село Двориште, додека 46-годишниот В.Г. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клинички центар Штип.
Увид на местото извршила увидна екипа на Полициската станица Берово.
Исто така минатиот месец седумдесет и четиригодишна жена од кривопаланечко почина во тешка несреќа со трактор.
Несреќната жена била сопатник во тракторот со приколка кој го управувало лице со иницијали М.Ц. Немилиот настан се случил во местото викано Санде-Калина.
Во несреќата тракторот се превртел, а приколката ја поклопила жената и таа починала на лице место, додека возачот на тракторот се здобил со повреди и бил пренесен во Здравствениот дом – Крива Паланка.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.