Противпожарната единица на Лонг бич соопшти дека биле повикани да интервенираат околу 22:44 часот и оти пожарникарите пронашле „хаотична сцена“. Тие пронашле тројца мртви мажи и деветмина повредени, кои биле пренесени во болница. Нивната состојба во моментов е непозната.

Објавил: Весна Петровска | 30 октомври, 2019 11:24

Забавата за Ноќта на вешерките се претвори во ХОРОР: МОРНИЧАВО ПУКАЊЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС, ИМА МРТВИ

Фото/Текст извор: ©онлјан магазин

Три лица се убиени, а деветмина се повредени во пукотница што се случи на забава за Ноќта на вештерките во куќа на Лонг бич во Лос Анџелес.

Полицијата соопшти дека две лица со качулки пукале кон присутните на забавата по повод Ноќта на вештерките.

Осомничените сè уште не се уапсени.

Противпожарната единица на Лонг бич соопшти дека биле повикани да интервенираат околу 22:44 часот и оти пожарникарите пронашле „хаотична сцена“. Тие пронашле тројца мртви мажи и деветмина повредени, кои биле пренесени во болница. Нивната состојба во моментов е непозната.

Какво значење има овој празник?

Ноќ на вештерките (или Hallowe’en) е празник што се слави на 31 октомври. Потеклото на овој празник е келтскиот фестивал на „Самаин“ и христијанскиот ден на „Сите свети“. Ова е народен празник, но некои христијани и пагани се посебно врзани со него. Ирските доселеници во Северна Америка донесле со себе верзија на нивната традиција.[1] Овој ден често е поврзан со црната и портокаловата боја, и посебно со симболот фенер од тиква. Активностите поврзани со овој ден вклучуваат шеги, посетување на „проколнатите“ места, палење на логорски оган, маскенбал, резбање на тиквички, читање на страшни приказни и гледање на хорор филмови.

„Ноќта на вештерките“, исто така позната и како Ноќта спроти Сите Свети (All Hallows’ Eve), во голем број земји се слави секоја година на 31 октомври, ноќта спроти западно-христијанскиот празник Сите Свети (или Сите Светци). Според многу научници, овој празник првобитно бил под влијание на западно европскиот празник на жетвата и денот на мртвите со можни пагански корени, особено келтскиот Саун (Samhain). Други сметаат дека овој празник независно произлегол од Саун и има христијански корени. Типични активности врзани за Ноќта на вештерките се прелажи-или-чести (trick-or-treating) (исто така познат и како “маскирање”, костимирани забави, правење фенери со длабење тикви – овие фенери се нарекуваат jack-o’-lanterns, палење огнови, ”вадење јаболка” (apple bobbing), посетување ”опседнати атракции”, правење шеги, раскажување страшни приказни и гледање хорор филмови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести