Чадиковски најави измени на Кривичниот Законик, кои ќе се прават во соработка со новинарскиот Синдикат и Министерството за правда со цел нападите врз новинарите да се сметаат како напад врз службени лица.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 ноември, 2019 15:36

Чадиковски бара нападите врз новинарите да се сметаат како напад врз службени лица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото СДК.мк

По повод Меѓународниот ден за прекинување на неказнивоста на злосторствата против новинарите претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски, изјави дека новинарите не треба и не смеат да бидат напаѓани поради нивната професија, а правосудните органи да ги процесираат нападите во најбрз можен рок.

Новинарите во ова општество се чувари на јавниот интерес, новинарството е суштински еден од темелите на секое демократско општество, но за жал, имаме и многу непријатели.

Новинарите во ова општество се чувари на јавниот интерес, новинарството е суштински еден од темелите на секое демократско општество, но за жал, имаме и многу непријатели. Честопати се соочуваме со вербални и физички напади, само поради вршење на свои професионални обврски додека на насилниците остануваат неказнети – рече Чадиковски.

Чадиковски најави измени на Кривичниот Законик, кои ќе се прават во соработка со новинарскиот Синдикат и Министерството за правда со цел нападите врз новинарите да се сметаат како напад врз службени лица.

Протоколот ќе претставува декларативно проширување на етичките кодекси на новинарите, а тоа значи дека ќе биде двонасочен, односно и на полициските службеници им се покажуваат заедничките заложби за овозможување соработка меѓу новинарите и полицијата. Само така може да сме сигурни дека во случај на напад врз новинар, институциите ќе реагираат на начин на преку кој ќе се најдат сторителите и потоа ќе бидат санкционирани – порача Чадиковски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.