Горат повеќе од 50 помали пожари, а противпожарната служба примила информации дека поедини луѓе се заробени во своите куќи, известува националната телевизија „АБЦ“.

Објавил: admin@magazin | 8 ноември, 2019 16:58

АВСТРАЛИЈА ВО ПЛАМЕН – ПОЖАРОТ НЕ ЗАПИРА: Се евакуираат градови, досега настрадаа над 300 коали!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повеќе градови во Австралија се евакуирани поради големиот број на шумски пожари кои беснеат во две австралиски сојузни држави.

Како што пренесува Ројтерс, противпожарната бригада од Њу Саут Велс издала предупредување за 17 пожари и ги советувала луѓето да го напуштат подрачјето или да најдат засолниште.

Во природниот резерват Лејк Инес се уништени две третини од популацијата на коали минатиот месец, а остатокот е загрозен поради новите 15 пожари во австралиската југоисточна сојузна држава Њу Саут Велс.

Тоа значи дека околу 350 коали настрадале во пожарот, соопштија австралиски организации за заштита на животните.

Моментално горат повеќе од 50 помали пожари, а противпожарната служба примила информации дека поедини луѓе се заробени во своите куќи, известува националната телевизија „АБЦ“.

Медиумите известуваат дека повеќе од 1.000 пожарникари и 70 авиони учествуваат во гаснењето на пожарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести