На свеченоста по овој повод ќе присуствува државниот врв на Србија, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Објавил: admin@magazin | 9 ноември, 2019 12:40

Борисов и Вучиќ прегрнати го отворија КОРИДОР 10: НЕКА НИ Е СО СРЕЌА, ИЗГРАДИВМЕ ПАТ ЗА ИДНИНАТА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Автопатска делница во должина од 22 километри, која го поврзува источниот коридор од Белград до границата со Бугарија, денеска е пуштена во употреба.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска присуствуваше на отворањето на источниот крак Коридор 10.
После церемонијата која започна попладне, веднаш 14 часот на граѓаните ќе им биде на располагање новиот автопат со должина од 86,9 километри од Ниш до граничниот премин Градина.

На свеченоста по овој повод присуствуваше државниот врв на Србија, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Ги повикувам сите млади луѓе кои заминаа од татковината да размислат и да се вратат во својата земја. Деца мои, ова е ваша земја, дојдете вратете се заедно да го оствариме српскиот сон, порача Вучиќ и најави дека во тој дел на Србија ќе дојдат инвеститори.

На свеченоста присуствуваше државниот врв на Србија, како и бугарскиот премиер Бојко Борисов.

По коридорот кој поминува низ Србија и ги поврзува земјите од ЕУ со Грција преку Македонија, соседна Србија ја заврши и источната делница значајна за поврзувањето со азискиот дел.

Источниот крак од коридорот 10 од Белград до границата со Србија е долг 87 километри.

На источниот коридор 10 кон Бугарија се изградени 87 мостови, пет тунели,  а се потрошени 780.000 тони асфалт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести