Грабар-Китаровиќ денеска симболично ќе го најави почетокот на кампањата, на 11 ноември во 11 часот, на загрепскиот Велесаем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 10:12

Колинда и официјално денеска ја започнува трката за втор претседателски мандат

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денеска ќе ја претстави програмата со која и официјално ќе влезе во трката за втор претседателски мандат на Пантовчак.

Колинда Грабар Китаровиќ е единствената жена претседател на Балканот која стапи на сила на 11-ти јануари 2015 година како предлог на ХДЗ.

Грабар-Китаровиќ денеска симболично ќе го најави почетокот на кампањата, на 11 ноември во 11 часот, на загрепскиот Велесаем.

Како што објави хрватскиот портал Индекс актуелната претседателка во својата програма ќе претстави седум поглавја што ги смета за клучни за нејзиниот втор мандат.

Колинда денеска ќе го претстави и слоганот на својата камапња. Програмата, како што се наведува, ја пишувала сама, но со совети од експерти.

Претходно таа под слоганот „Затоа што верувам во Хрватска“ ја објави кандидатурата за втор мандат.

Претходно Колинда најави дека во програмата ќе ги истакне безбедноста на општеството, благостостојбата на семејството , иницијативата три мориња и демографијата.

– Вашата доверба е мојата сила. Како претседател секогаш јавно ги искажував најважнит епроблеми, отворајќи јавна расправа по нив и нудејќи ги своите решенија. Сега ја барам вашата доверба за втор мандат – рече Грабар Китаровиќ, нагласувајќи ја важноста за општеството.

Колинда претходно јавно изрази благодарност до сите Хрвати кои и дале поддршка и доверба.

– И понатаму ќе бидам сведок на сувереноста, на нашиот начин на живот и на идентитетот. Хрватска по мерка на човекот, тоа е мојата цел, мојата должност, тоа е должност на сите нас – порача хрватската престедателка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.