Познатата српска пејачка Цеца Ражњатовиќ неодамна пред медиумите раскажа како нејзините родители реагирале, кога таа им соопштила дека ќе се мажи за Аркан.
Им реков ќе се мажам за Жељко, а тогаш мајка ми рече: За Шашиќ? Ако, тој е добро момче. Татко ми само ме погледна. Каков бре Шашиќ, реков. Се мажам за Аркан. Моите ќе се онесвестеа раскажува Цеца.
Пејачката вели дека татко и во тој момент и рекол дека дека ќе се одрече од неа, на што таа одговорила:
Ако сакате откажете се, истепајте се, јас се мажам за тој човек.
Во јавноста протече и фотографија која до сега не е видена, Цеца и Аркан кои позираат со мајката на пејачката .
Инаку Цеца и Аркан се венчаа во 1995 година.
Свадбата на пејачката која во тоа време ја започнуваше својата кариера Цеца со Аркан предизвика во тоа време огромен медиумски интерес . Оваа свадба ја снимале дури и престижните CNN и BBC.
Младоженецот , однсоно Аркан бил приморан пред да биде склопен бракот со Цеца , да добие дозвола од црквата , бидејќи бил постар повеќе од 21 година од невестата , а тоа не му бил прв брак .
Според тогашните информации , свадбената прослава на Цеца и Аркан чинела 100 000 германски марки , а ја платил пријателот на Аркан , италијанецот Џовани ди Стефано.
Цеца и Аркан кој е покоен, имаат две деца Вељко и Анастасија Ражњатовиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.