Сопругата на бизнисменот Орце Камчев, Ана Камчева пристигна во Кривичниот суд. Таа денеска пред судот треба да каже како од неа биле изнудени половина милион евра.
Камчева пред судот треба да каже како Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец успеале да земат половина милион евра од неа како гаранција дека нејзиниот сопруг, осомничен во случајот „Империја“, ќе му биде определена поблага мерка, домашен притвор.
Ана Камчева заедно со својот сопруг требаше да се појави како сведок во петокот, но поради здравствени причини, нејзиното сведочење беше одложено.
Во петокот неколку часа пред судот сведочеше Орце Камчев, кој отри нови детали за случајот кој полека почна да се расплеткува.
Камчев кажа дека на обвинителната клупа треба да има повеќе луѓе а не само Боки, Катица и Зоран Милевски- Кичеец кој веќе доби казна затвор од три години.
На ова рочиште се очекува да сведочи и сметководителката на Камчев.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.