Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две – вели Алексис Ципрас .

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 декември, 2019 10:41

Ципрас: Мицотакис со три раце ќе потпишеше договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот грчки премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас во интервју за локалната грчка телевизија ТРТ, говореше за Договорот од Преспа. Тој посочи дека е убеден дека сегашниот премиер на Грција  Кирјакос Мицотакис  ваквиот договор би го потпишал со три раце, а не со две.

Со потпишаниот договор  Македонија го промени своето име во Северна Македонија .

Знам дека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис апсолутно знае дека да беше тој и да имаше еден таков договор ќе го потпишеше со три раце, а не со две – вели Алексис Ципрас .

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ципрас упати критики до сегашната грчка Влада. Тој истакнал дека пред само една година го обвинувала неговиот тогашен владин Кабинет за „предавнички договор”, а сега Мицотакис вели дека ќе го почитува.

Овој договор го нарекуваше предавнички и дури во Парламентот се закануваше дека ако тој биде избран ќе биде пречка за интегративниот процес на Северна Македонија. Денес е оној кој е принуден и презема иницијативи како влада за одново да почне дискусијата за интегративната политика на Северна Македонија. Јас велам дека тоа е правилно, но оваа хипокризија ќе ја суди, не народот што гласаше за СИРИЗА, туку оние што гласаа за Нова демократија – рече Ципрас.

Преспански договор беше потпишан од шефовите на дипломатијата на Македонија, Никола Димитров и на Грција, Никос Коѕијас на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, на брегот на Преспанското Езеро. Истиот бил потпишан и од посредникот на ООН за спорот за името Македонија, Метју Нимиц. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.