Иако не се случува често, болеста може и да напредува што резултира во целосно опаѓање на косата на главата (познато како алопеција тоталис) или комплетно опаѓање на влакната на главата, лицето и телото (алопеција универзалис).

Објавил: admin@magazin | 5 март, 2022 7:28

ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА – АЛОПЕЦИЈА: Причини и последици

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Алопеција е автоимуна болест, при која имунолошкиот систем, кој е задолжен да го штити организмот од надворешни елементи како што се вирусите и бактериите, по грешка ги напаѓа фоликулите на косата, ситните структури во облик на чашиче од кои расте косата. Ова може да доведе до опаѓање на косата на главата и сите други места.

Кај алопеција ареата, во најголем број од случаите, косата опаѓа во мали, кружни прамени оставајќи гола површина во облик на монета. Во многу случаи, болеста не се проширува повеќе од неколку мали површини.

Кај некои лица, опаѓањето на косата зема многу поголем обем. Иако не се случува често, болеста може и да напредува што резултира во целосно опаѓање на косата на главата (познато како алопеција тоталис) или комплетно опаѓање на влакната на главата, лицето и телото (алопеција универзалис).

Причини

При појава на алопеција ареата, клетките на имунолошкиот систем познати како бели крвни клетки ги напаѓаат клетките задолжени за брз раст на влакната во фоликулите кои ја создаваат косата. Нападнатите фоликули на косата се намалуваат и драстично го намалуваат создавањето на косата. За среќа, основните клетки кои постојано ги снабдуваат фоликулите на косата со нови клетки не се нападнати. На тој начин фоликулата секогаш има можност да генерира повторно растење на косата.
Научниците сеуште не можат со прецизност да објаснат што ги поттикнува овие промени кај фоликулите, меѓутоа се сомневаат дека генетската предиспозиција кај некои лица може да биде еден од факторите кој доведува до ова заболување. Кај оние кои имаат таква генетска предиспозиција, еден вид на поттикнувач – можеби вирус или нешто друго во окружувањето на тоа лице – ги поттикнува промените во фоликулите на косата.

Научниците сеуште не можат со прецизност да објаснат што ги поттикнува овие промени кај фоликулите, меѓутоа се сомневаат дека генетската предиспозиција кај некои лица може да биде еден од факторите кој доведува до ова заболување.

Предиспозиции

Често започнува во детството. Доколку некој член на Вашето семејство ја има оваа болест, значително се зголемува ризикот истата да ја добиете и Вие. Доколку член на Вашето семејство го изгубил неговиот или нејзиниот прв прамен пред да наполни 30, ризикот кај останатите членови на семејството е поголем. Општо гледано, секое петто лице заболено од оваа болест има член од семејството кој е веќе заболен од истата.
Алопеција ареата често се појавува кај лица чии членови на семејството имаат автоимунолошки болести, како што е дијабетесот, ревматичен артритис, болести на тироидната жлезда, систематски еритематозен лупус, пернициозна анемија или Едисонова болест. Лицата заболени од алопеција ареата обично немаат други автоимунолошки болести, меѓутоа се подложни на појава на болести на тироидната жлезда, екземи, алергии во носот и астма.

Последици

Алопеција ареата не е болест која е опасна по живот. Не предизвикува физичка болка, и лицата кои ја имаат се воглавно во добра здравствена состојба. Меѓутоа кај многу лица, кај кои постои болест која ја изобличува нивната надворешна појава на начин како алопеција ареата може да биде предизвикана и од некое сериозно заболување.
Последиците од алопеција ареата се во основа вознемирувачки од општествен и емотивен аспект. Меѓутоа, во случај на алопеција универзалис, губењето на трепките и веѓите, како и влакната во носот и ушите може да го изложи лицето на осетливост од прав, грињи и други надворешни честици кои влегуваат во очите, носот и ушите. 

Тек на болеста

Постои голема можност косата повторно да порасне, меѓутоа исто така постои можност и повторно да опадне. Никој не може да предвиди кога може да порасне или повторно да опадне. Текот на болеста кај различни лица е различен. Некои лица губат само неколку прамени коса, за потоа истите повторно да пораснат, и никогаш повеќе да не отпаднат. Кај други лица косата со години може непрестано да расте и повторно да опаѓа. Кај малкумина косата на главата опаѓа целосно; некои пак остануваат без влакна на главата, лицето и телото. Дури и кај таквите случаи, постои можност влакната повторно да пораснат на сите опаднати површини. Во некои случаи, повторно порастената коса на почетокот може да има бела боја, за со тек на времето да ја добие природната боја. Во повеќето случаи, косата уште при првото растење ја има природната боја и структура како и опаднатата коса.

Последиците од алопеција ареата се во основа вознемирувачки од општествен и емотивен аспект. Меѓутоа, во случај на алопеција универзалис, губењето на трепките и веѓите, како и влакната во носот и ушите може да го изложи лицето на осетливост од прав, грињи и други надворешни честици кои влегуваат во очите, носот и ушите.

Третман

Бидејќи не постои третман против алопеција ареата ниту пак ефикасни лекови за спречување на опаѓањето на косата, кај некои лица се покажала ефикасна употребата на лекови за некои други причинители на опаѓање на косата, барем привремено. Следниве се некои од третманите кои се употребуваат во случај на алопеција ареата. Имајте во предвид дека иако некои од овие третмани помагаат во повторното растење на косата, ниту еден од нив не ја спречува можноста за појава на ново опаѓање на косата или претставува ефикасен третман кој трајно ја искоренува оваа болест. За тоа кој третман би бил најдобар во Вашиот случај, консултирајте се со Вашиот специјалист.
Кортикостериоди – Кортикостероидите се моќни антивоспалителни лекови слични на хормонот кортизол кој се создава во организмот. Бидејќи овие лекови, доколку се конзумираат во орална форма, се употребуваат за потиснување на имунолошкиот систем, многу често се употребуваат за лечење на разни автоимунолошки болести, вклучувајки ја и алопеција ареата. Кортикостероидите можат да се аплицираат на следните три начини кога се употребуваат против алопеција ареата:

Инjекции – Инjекции или стероиди директно на голата површина на главата и понекогаш на веѓата или брадата која е едно од најшироките површини обраснато со влакна кај многу луѓе.

Обично се чека 4 недели за повторното растење на косата да стане видливо. Инjекциите внесуваат мали количества на кортизол во заболените површини, со што ја намалуваат појавата на секундарните ефекти кои се појавуваат при орална употреба која трае подолго време. Главните секундарни ефекти предизвикани од инjекциите се повремени болки, благ оток и напати промена на пигментацијата, како и мали засеци на кожата кои исчезнуваат по завршувањето на третманот со инjекции. Бидејки инjекциите можат да бидат и болни, не се препорачливи за деца.

По 1 или 2 месеци, растењето на косата започнува да станува видливо, и третманот со инjекции мора месечно да се повторува. Кортизонот ги отстранува оштетените имунолошки клетки и ѝ допушта на косата да расте. Големите површини не можат да се подложат на овој третман, бидејки количината на лекот може да стане преголема и да резултира во појава на секундарни ефекти слични на оние кои ги предизвикува оралното конзумирање на овој третман.
Орални кортикостероиди – Кортикостероиди кои се конзумираат орално се главниот облик на третмани за многу автоимунолошки болести и можат да се употребуваат и за понапреден стадиум на алопеција ареата. Меѓутоа поради појавата на секундарни ефекти при орално конзумирање на кортикостероидите, како што се хипертензија и катаракта, истите за третман од алопеција ареата се употребуваат само кога е неопходно и кога третманот трае пократко време.

Креми за локална употреба

– Масти или креми кои содржат кортикостероиди се нанесуваат директно на оштетените површини и се помалку болни од инjекциите и како такви, некогаш се претпочитаат за употреба посебно кога се во прашање деца. Во секој случај, кремите кои содржат кортикостероиди сами по себе се помалку ефикасни во споредба со инjекцците; најдобро функционираат кога се комбинираат со други видови на третмани за локална употреба, како што се миноксидилот и антралинот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...