Премиерот од историчарите непосредно пред започнувањето на самитот во Брисел, побарал Гоце Делчев да го декларираат како Бугарин.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 декември, 2019 9:07

СКАНДАЛ: Заев барал од македонските историчари да го декларирaaт Делчев како Бугарин

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Нов скандал ја следи Владата, откако вчера беше објавено дека премиерот Зоран Заев побарал од македонските историчари Гоце Делчев да го декларираат како Бугарин.

Ова како што објави Инфомакс, премиерот го побарал од историчарите непосредно пред започнувањето на самитот во Брисел, поради како што рекол нашата држава да добие датум за преговори со Европската Унија и Бугарија да не не блокира на европскиот пат.

Премиерот Зоран Заев побарал од македонските историчари да го декларираат Гоце Делчев како Бугарин за д аможе Македонија да влезе во НАТО и да добие датум за преговори за влез во Европската Унија.

Како што објави Инфомакс, притисокот кој го вршел премиерот во заминување Зоран Заев врз историчарите бил до таму што тој лично телефонирал на членовите на комисијата и ги притискал да го декларираат Гоце Делчев како Бугарин.

-Се бара од нас да го декларираме Гоце Делчев како Бугарин, а не како Македонец. Од она што го дознаваме неофицијално од претходно е дека господинот Зоран Заев вршел сериозни притисоци врз комисијата која што е во рамки на оној договор за доброседство ја договара историјата со бугарската комисија. Од тоа што го дознавме господинот Заев дури и телефонски се јавувал, говорам пред средбата во Брисел пред недобивањето на датум, господинот Заев телефонски им се заканувал на претставниците во оваа комисија по секоја цена прифатат дека Гоце Делчев е Бугарин, за Бугарите да не не блокираат.

 

 
 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.