Доживотниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито обожавал скапи работи и едноставно бил вљубеник во луксузот. Тој живеел на висока нога а доказ за таквите тврдења е и снимката од дочекот на 1980-та година.
Таа година дочекот бил организиран во новосадскиот хотел „Парк“ а на видео снимката може да се забележи дека Тито веќе стар и изнемоѓтен ен станува од столот, а една од причините е и тоа што тогаш тој веќе бил болен.
Таа година пријателите му ја честитале со зборовите „среќна нова година“ и му посакале се најдобро.
Погледнете како му ја честитале 1980-та година во која Тито го напуштил овој свет.
Јосип Броз – Тито бил југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на југословенската народна армија.
Покрај државничките обврски и лидерски должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.