Еден од најголемите градови во Лапонија е Рованиеми а од тука потекнува и Дедо Мраз. Овој град токму поради верувањето дека Дедо Мраз живее во него го посетуваат годишно околу половина милион луѓе.

Објавил: admin@magazin | 15 декември, 2021 8:34

Вистинска зимска магија во Лапонија- влезете во светот на Дедо Мраз и уживајте

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нема кој не слушнал за Лапонија или Лаппанд местото од каде потекнува Дедо Мраз. Лапонија е најголемиот и најсеверниот регион во Финска.

Еден од најголемите градови во Лапонија е Рованиеми а од тука потекнува и Дедо Мраз. Овој град токму поради верувањето дека Дедо Мраз живее во него го посетуваат годишно околу половина милион луѓе.

За оние кои што сакаат да почувствуваат уште малку од зимската и празнична магија, во селото на Дедо Мраз се наоѓа и фабриката со играчки, како и Божиќната куќа, во која може да се видат обичаите на луѓето од различни краишта ширум светот.

Иако веќе возрасните не веруваат во Дедо Мраз и на него најмногу се радуваат децата, кои искрено секоја година замислуваат желба и чекаат од него да им ја оствари, сепак во овој магичен град за момент ќе замислите дека ова може и не е легенда. Рованиеми ќе ви измами воздишки и искрени насмевки и чувство на среќа, во ова бајковито гратче ќе се уверите дека постои зимска магија.

Интересно за ова место е и тоа што можете да му испратите писмо на Дедо Мраз во неговата канцеларија.Влезот во канцеларијата на Дедо Мраз е бесплатен, меѓутоа доколку сакате Дедо Мраз “да ги почести” со подарок, тогаш посетителите мораат да платат 30 евра. 

Да, токму така, во Рованиеми постои и пошта во која пристигнуваат писма од целиот свет. која била отворена во 1992 година и во истата писмата добиваат единствен поштенски жиг.

За оние кои што сакаат  да уживаат во празничната атмосфера, па дури и ако не веруваат во Дедо Мраз, во Рованиеми е сместен и тематскиот парк Санта парк, кој секоја година се отвора на 23 ноември, а се затвора на 11 јануари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.