Голема трагедија го потресе Скопје два дена пред Новата Година, жена почина во лифт.
Како што информира полицијата, за време на интервенција на Брзата помош на улица “Ниола Парапунов” во Скопје, починала 68 годишната Л.Т. од Скопје која екипата на Итната помош се обидувала да ја пренесе жената преку лифт кој се заглавил и пропаднал во подрумскиот дел од зградата.
Доктор го пријавил настанот во полиција по полноќ.
Исто така МВР информита дека полицијата привела Американец кој извршил тешка кражба во Скопје.
-Во текот на вчерашниот ден во 16.00 часот на подрачјето на Центар – Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Р.Џ.(28) од САД, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.
За настанот е известен јавен обвинител.
Пред новата година полицијата има најмногу работа, и овој пат казнуваше и заплени петарди кои биле наменети за продожаба.
– 1.000 разновидни пиротехнички средства запленила тетовската полиција.
Како што денеска извести МВР, вчера околу 17 часот, полициски службеници во продавница лоцирана на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, пронашле и одзеле 985 парчиња разновидни пиротехнички средства, петарди и ракети.
Инаку, казните за пиротехнички средства се до 500 евра.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.