Крилото на репрезентацијата на ракометната репрезентација на Македонија, Дејан Манасков, тешко наоѓаше зборови по поразот од Австрија и елиминацијата од Европското првенство, пренесе МИА.
Манасков изјави дека клучот за поразот е многуте лесни топки кои ги добил противникот како и слабата реализација.
-Немавме решение, не бевме подготвени за таа одбрана што ја одиграа денеска. Им дадовме многу топки во раце, имаа шанси за лесни голови, не ги реализиравме нашите шанси, многу едноставно. Тоа е клучот за поразот, изјави кратко по мечот Манасков.
Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кире Лазаров по елиминацијата на селекцијата од Европското првенство изјави дека никој не посакувал слично сценарио и дека е многу разочаран, но допрва ќе се прават анализи.
– Одигравме под нивото. Направивме многу грешки и промашивме многу шутеви. Австријците нѐ изненадија со одбраната 5-1, со полуфластер на мене. Стојам зад тоа дека можеме да играме со овој тим на Австрија, многу пати сме ги победувале – изјави Лазаров по поразот од Австрија.
Тој се заблагодари на навивачите и воедно им се извини за прикажаното на ова натпреварување.
– Останавме должни, заслужуваме секаква критика. Ова е удар за нас и за македонскиот ракомет. Треба да се направи анализа и да се почне од почеток, затоа што не смееме да го загубиме она што е најубаво, затоа што ниту една друга репрезентација не може да си дозволи 5.000-6.000 навивачи на првенство во друга земја. Kако капитен, сакам да им се извинам на сите кои беа тука и кои не гледаа од Македонија – вели Лазаров, кој го заврши Европското првенство со вкупно 22 гола.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.