Револтирана од случувањата во државата последната година, таа вели дека Атиџе и документарецот не се реалноста за случувањата во оваа држава, туку актуелните рекетарски случаи и корупцијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 јануари, 2020 11:12

Ганка Цветанова: Атиџе и „Медена земја“ не ја отсликуваат македонската реалност

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото курир.мк

Поранешната министерка за култура Ганка Самоиловска – Цветанова на својот Твитер профил се огласи по повод коментарите за македонскиот документарец Медена Земја, кој е номиниран во две категории на Оскарите.

Ганка Цветанова се огласи на Твитер

Револтирана од случувањата во државата последната година, таа вели дека Атиџе и документарецот не се реалноста за случувањата во оваа држава, туку актуелните рекетарски случаи и корупцијата.

Атиџе и Медена земја не ја отсликувале МК реалност. Така е. Да снимиме филм за Боки 13 и Ката како после прославите на 1ТВ каде присуствуваше цела Влада ги апсеа за рекет. Па за „Рекет 2“, „Рекет 3“. За аболициран премиер кој една година си прави муабет со лажен Порошенко. Пореално здравје, порача Цветанова.

За потсетување „Медена земја“ во режија на Љубомир Стефанов и Тамара Котевска, има дури две номинации за Оскар.

„Медена Земја“ е во трката за најпрестижната филмска награда на светот и тоа во категориите најдобар странски филм и најдобар документарен филм. 92- рото издание на ОСКАРИ ќе се одржи во февруари 2020-та.

Ова е прв пат во историјата на Оскарите документарен филм да е номиниран во две категории, што значи дека ова не е само успех со историски размери, туку истово потврдува дека документариот јазик влегува во ерата на негово вистинско вреднување, каде стои рамо до рамо со фикционалната нарација, а заради својата реалност заслужува посебна опсервација. Провоцира искрено сочувство, кое не се заборава после гледањето на филмот, напиша тимот по убавата вест.
 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Силна осуда на Бујар Османи на руското признавање на Доњецк и Луганск

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк...

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...