На здравје бричење предавници“, напиша Милошоски на Твитер.

Објавил: Рејхан Бајрами | 7 мај, 2020 15:33

Милошоски со “ЖЕЖОК” поздрав до Заев и Димитров: НА ЗДРАВЈЕ БРИЧЕЊЕ, ПРЕДАВНИЦИ!

Фото/Текст извор: ©javno

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски ги „поздрави“ актуелниот шеф на дипломатија Никола Димитров и експремиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, по најавата од бугарскиот премиер Бојко Борисов за вето на Македонија за Европската унија ако не ги исполни условите на Бугарија.

„ЕУ им определи „специјален, безусловен и мало сутра” датум на Зоран Заев и Никола Димитров, прецизен до секунда, соопштен јасно и дрско од премиерот на земјата на источните дијалекти Бојко Борисов во 42мин и 30 секунди, На здравје бричење предавници“, напиша Милошоски на Твитер.

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов имаше прес-конференција за самитот во Загреб на која најави вето ако Македонија не го исполни договорот. Според Борисов, сите земји го поддржале, односно дека исполнувањето на договорот е дел од заклучокот на ЕУ.

Борисов јасно, гласно и директно потенцира дека „сите членки на ЕУ ја поддржаа Бугарија, а ако Македонија отстапи од Договорот ќе ja блокираме во секое поглавје од преговорите.“

„Ние работиме по документи, тоа е документот по кој ќе работи Бугарија во иднина, сите членки на ЕУ го поддржаа. Ако Македонија не сака да го прифати, никој не ја тера со сила да влезе во ЕУ.“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Твитер

„Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија уште еднаш ја искажува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, напиша Османи.

Силна осуда на Бујар Османи на руското признавање на Доњецк и Луганск

Силно го осудуваме признавањето од страна на Русика на украинските области Доњецк...

– Честитки до Зоран Заев за мандатот за формирање влада на Северна Македонија и со нетрпение чекаме да работиме со новата влада, откако ќе биде формирана, напиша Брнз во твитот.

Американската амбасадорка му го честиташе мандатот на Заев

Американската амбасадорка во земјава, Кејт Мари Брнз денеска на лидерот на СДСМ, Зоран...