Тоше, мене, дете бегалец од Босна во далечната дијаспора, ми донесе топлина од родната земја, топлина на најубавите човечки вредности

Објавил: Македонка Димкин | 19 јануари, 2020 14:26

Исповед на Босанец: ТОШЕ ти со твојата љубов го започна помирување на сите луѓе од поранешна Југославија

Фото/Текст извор: ©јутуб / магазин

Тоше … Тошка, брате мој, никогаш не прежален… те жалам како свој брат веќе 8 1/2 години и чувствувам болка кога и да ја слушам оваа песна, всушност како и секоја твоја песна, не бледне, затоа што ти беше најдобар меѓу нас …напишал коментар на Јутуб еден голем фан на Тоше од Босна пред неколку години а кое кога го забележавме не не сотави рамнодушни

Поминаа 8 1/2 години од кога застана времето на една многу топла димензија полна со љубов и племенитост 

Тодор „Тоше“ Проески (25 јануари 1981 – 16 октомври 2007) беше познат македонски пејач и една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена, каде што е доживуван како заштитен знак на Македонија. Музичката кариера ја започнува со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победува изведувајќи ја песната Yesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998). Има блиска соработка со Џеф Бек, Григор Копров, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнува по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година. Во меѓувреме Тоше станува дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останува се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година е прогласен за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.
Умира на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска. Постхумно е прогласен за заслужен граѓанин на Македонија. Денот на неговиот погреб, 17 октомври, беше прогласен за Ден на Национална Жалост

Тоше, мене, дете бегалец од Босна во далечната дијаспора, ми донесе топлина од родната земја, топлина на најубавите човечки вредности … неговите песни ја дефинираа мојата прва изгубена убов. И така, тој замина, а светот постана сив. Но, ете, јас сепак пеам … ги пеам сите неговите песни, понекогаш за другите, а понекогаш и за самиот себе.

Тие ја загреваат мојата душа, затоа што тие се и молитва и говор на мојата сопствена душа. Благодарам Тошка за сè и најмногу од сè што постоеше и со твојата бескрајна љубов кон луѓето го започна помирување на сите луѓе од поранешна Југославија … Благодарам и на Македонија што те создаде, им благодарам и на родителите Доменика и Никола, му благодарам на Крушево каде што одрасна . Ти благодарам зе се, Ангелу Македонски и балкански, јас ќе ги пренесам твоите песни на моите деца, кои ќе знаат за твојот мит и за твојата легенда.

Почивај во мир ангелу, сè до денот кога и јас ќе тргнам по твојот пат, а до тогаш, ќе ги пеам твоите песни и ќе се сеќавам на твоето благородно срце. Почивај во мир, Македонски брате, ТЕ САКАМ.

Оригиналните коментари на босанецот коој коментира како Banjaluka BiH можете да ги видите овде, каде што Тоше ја пее легендарната Море сокол пие

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Музика

Сепак, гласовите беа одлучувачки, а познати се првите 10 финалисти: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Познати првите финалисти на Евровизија, Албанија и Бугарија не се пласираа

Вчера вечер се одржа првото полуфинале на едно од најголемите и најзначајни музички...