Таа таму била вработена со договор на дело иако во моментов е редовен однос во ГТЦ Скопје.

Објавил: Весна Петровска | 23 јануари, 2020 18:20

Вонбрачната партнерка на Курто Дудуш како претседател на Советот на Општина Шутка си ја вработила мајка си иако таа не се појавува на работа

Фото/Текст извор: ©курир.мк

Фатима Османовска претседател на Советот на општина Шуто Оризари која истовремено е вонбрачен партнер на Курто Дудуш откако станала претседател на Советот ја вработила својата мајка Наргизе Османова во основното општинско училиште „Браќа Рамиз Хами“, објави Курир.мк

Таа таму била вработена со договор на дело иако во моментов е редовен однос во ГТЦ Скопје.

Директор на училиштето во кое е вработена мајката чиј зет е Дудуш е Алвин Салимовски поставен директно од Курто Дудуш.

Мајката на Фатима во период од 24-25 месеци се стекнала со 300 илјади денари пари со кои е оштетен буџетот на општината Шуто Оризари.

Нејзиниот месечен надоместок е 12.312 денари и работи како хигиеничарка додека нема работено ниту еден ден во истото училиште.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.