Граѓаните на ЕУ најмногу користат Интернет за е-пошта услуги, проследени со информации за стоки и услуги, испраќање кратки пораки, читање на интернет весници и списанија и само еден од пет корисници кои продаваат стоки и услуги преку Интернет.

Објавил: admin@magazin | 27 јануари, 2020 22:21

Швеѓаните најмногу висат на Интернет: А погледнете која држава користи најмалку

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Интернетот го користат 87% од граѓаните на ЕУ на возраст меѓу 16 и 74 години во 2019 година, а најмногу е користен во Шведска – 98% од жителите и најмалку во Бугарија – 68%, објави денеска Евростат.

Граѓаните на ЕУ најмногу користат Интернет за е-пошта услуги, проследени со информации за стоки и услуги, испраќање кратки пораки, читање на интернет весници и списанија и само еден од пет корисници кои продаваат стоки и услуги преку Интернет.

57% од граѓаните на ЕУ користат Интернет за да учествуваат во социјалните мрежи, проследено со барање здравствени информации, слушање музика, остварување телефонски повици или остварување видео повици.

Наспроти општоприфатеното користење, поимите интернет и пајажина (web) не се синоними: интернет е збирка на меѓусебно поврзани сметачки мрежи, поврзани со бакарни жици, оптичковлакнени кабли, безжични врски и слично, додека пајажината е збирка на меѓусебно поврзани документи со користење хиперврски и адреси (Uniform Resource Locator / URL ), до кои што може да се пристапи со користење на интернетот. Покрај пајажината, интернет обезбедува и многу други служби, како е-пошта, споделување на податотеки итн…

Помалку од една од четвртина интернет-корисници на ЕУ се заинтересирани за учење преку Интернет, додека 30 проценти од корисниците на Интернет испраќаат и споделуваат содржини што ги создале.

Користењето на Интернет во ЕУ рапидно расте од 2007 година, кога го користеа 57 проценти од граѓаните и во 2013 година, кога три четвртини го користеа интернетот.

Интернет е јавно достапен систем на меѓусебно поврзани сметачки мрежи од целиот свет, кои пренесуваат податоци во форма на пакети со користење на стандардното множество протоколи означено како TCP/IP.

Се состои од голем број мали и големи, домашни, деловни владини и невладини мрежи, кои што заедно пренесуваат различни информации и услуги, како електронска пошта, директен разговор, како и меѓусебно поврзани мрежни места (websites) и други документи од Пајажината (Светска пајажина – World Wide Web, WWW).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.