Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Објавил: Мирко Бачиќ | 8 февруари, 2020 22:08

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО ГРАДОТ МОСКВА- Патувајте во руската убавина на катедралите и црвениот плоштад(ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Москва е главен град на Русија, а воедно претставува и нејзин политички, економски, образовен и транспортен центар. Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири.

Во минатото градот бил престолнина на Царска Русија и главен град на Советскиот Сојуз. Седиштето на Руската православна црква исто така се наоѓа во Москва, во Свети-Даниловиот манастир (Данилов монастырь, Свято-Данилов монастырь). Со своите над 10 милиони жители претставува најголем град во Европа.

Градот се наоѓа во средиштето на Источно-Европската низина. Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150-200 m и зафаќа над 1000 km². Во правец северозапад-југоисток должината му е најголема и изнесува околу 80 km. Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга. 

Денес во самиот град живеат над 10 милиони жители (10.415.000 проекција-2005). Во целата метрополитенска област живеат околу 14.440.000 жители, а вкупното население на московскиот административен округ изнесува над 17 милиони. Во овие бројки не се вклучени проценките за оние кои во Москва престојуваат нелегално. Овие проценки многу варираат од извор до извор, но во секој случај бројката не е занемарлива и изнесува неколку милиони (најголем дел живеат во самиот град).

Москва прв пат се спомнува во пишаните записи како мало гратче во 1147 година. Во 1156 кнезот Јуриј Долгоракиот (Руски: Юрий Долгорукий) го изградил првиот ѕид оклу градот. Во 1237 и 1238 монголската Златна орда го ограбила и запалила градот, убивајќи го целото население.

Благодарејќи на одличната местоположба градот бил обновен и бргу закрепнал. Неговиот подем сепак бил ограничен од страна на Монголите, кои во тоа време собирале даноци од најголем дел од руските територии преку своите вазали.

Но поради подемот на Литванија, монголите сакајќи да балансираат дозволиле Москва да прерасне во моќно кнежество и еден од најважните руски градови во тоа време. За оваа стратешка грешка ги сноселе последиците почнувајќи од 1380год кога Големиот Кнез на Москва Дмитриј Донски предводејќи обединета руска армија ги поразил во битката на Куликовското поле.

Ослободувањето на Русија од монголска доминација траело се до 1480год, кога по Големото стоење на реката Угра (Големата битка на реката Угра), татаро-монголите се повлекле и засекогаш била отфрлена нивната власт над руските територии, а престолнината на Русија која многупати била менувана, конечно била префлена во Москва за подолго време. Подоцна во 1571 кримските Татари накратко го завзеле градот и го запалиле. Во периодот 1610-1612 градот бил окупиран и од Полско-Литванската Држава.

Шереметјево е најзначаен аеродром во Москва иако не и најголем по обем на сообраќај. Тој е најголем аеродром по обем на меѓународен сообраќај и е влезна точка за најголем дел од туристите што ја посетуваат Москва. Пуштен е во употреба во 1960 а терминалот Шереметјево-1 е отворен во 1964. За потребите на московската Олимпијада беше пуштен во употреба терминалот Шереметјево-2 на 1 јануари 1980.

Во моментов поради преоптовареност на постојната инфраструктура, во тек на изградба е трет терминал со планови и за четврт во иднина. Иако нивото на сообраќај е далеку под нивото од времето на СССР, растот е голем и се очекува наскоро да се достигнат и надминат бројките од тоа време. Во 2005 е забележан сообраќај од 12.174.000 патници.

Домодедово во моментов (2005) е најголем московски аеродром и опслужува околу 14 милиони патници годишно, но по бројот на патници во меѓународниот сообраќај заостанува зад Шереметјево. Аеродромот бил отворен за сообраќај во 1965.

Градот се наоѓа во средиштето на Источно-Европската низина. Се протега низ рамничарски предел на надморска височина од 150-200 m и зафаќа над 1000 km². Во правец северозапад-југоисток должината му е најголема и изнесува околу 80 km. Низ градот тече реката Москва која е поврзана со пловен канал со Волга.

Московското метро е еден од многуте препознатливи симболи на градот. Метрото е едно од најголемите и секако најубавото во светот. Пуштено е во употреба на 15 мај 1935. Денес има 171 станица на 12 линии со вкупна должина од 278,3 km. Дневно превезува просечно 8,8 милиони патници. Во работни денови оваа бројка изнесува и над 10,5 милиони. Заштитен знак му се преубавите станици во центарот на градот, кои повеке наликуваат на уметнички галерии отколку на метро-станици.

Москва претставува главен руски железнички јазол. Меѓу бројните линии кои зраковидно се шират од градот секако најпозната е Транс-сибирската линија која тргнува од Москва, оди преку Сибир (по целата должина на Азија) и завршува во Владивосток. Должината ѝ изнесува 9288 km. На Далечниот Исток има неколку гранки меѓу кој најважната е за Пекинг.

Покрај нејзиното стратешко значење за Русија, таа претставува и вистински магнет за авантуристички настроени туристи. Возовите на оваа линија највеќе тргнуваат од „Јарославската станица“.

Москва е една од најголемите градски економии во Европа, опфаќа околу 24% од руското БДП.До 2008 година, московската економија достигнала 8,44 трилиони рубљи (340 милијарди долари или 459 милијарди долари прилагодени на ПКМ-u).
Москва има најниска стапка на невработеност од сите руски федерални субјекти, со само 1% во 2010, во однос на националниот просек од 7%. Просечната месечна плата во градот е 41 600 рубљи (1070 €), што е дупло повисоко од националниот просек од 21 800 рубљи (560 €), како четврта најголема просечна плата меѓу сојузните субјекти во Русија.

Москва е една од најголемите градски економии во Европа, опфаќа околу 24% од руското БДП.До 2008 година, московската економија достигнала 8,44 трилиони рубљи (340 милијарди долари или 459 милијарди долари прилагодени на ПКМ-u).

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири.

Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх — црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (руски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад.

Најпознатата туристичка атракција во градот е Црвениот плоштад каде што се лоцирани Кремљ, црквата Св. Василиј, ГУМ, мавзолејот на Ленин, Големиот Кремљски дворец и многу други мали манастири.

Оттука може да се види и најголемиот хотел на светот, хотелот Русија, како и седиштето на вселенскиот патријарх — црквата на Исус Христос. Плоштадот е познат и по воените паради кои се оджувале на него во времето на Советскиот Сојуз, особено во времето на Сталин. Инаку, покрај црвен плоштад името на плоштадот „краснаја плошчад“ (руски: красная площадь) оригинално означува убав плоштад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Одмор

Во периодот јануари-август Албанија забележа рекорден број од 7. 190. 410 туристи што е 27 осто повеќе споредено со истиот период 2022 година.

Во Албанија за осум месеци рекорден број од околу 7,2 милиони туристи

Албанија во изминатите осум месеци од годинава забележа рекорден број од околу 7,2 милиони...

Монако е име на државата и на единствениот град во државата. Оваа држава е позната по ниските даноци, па така богати странци сочинуваат околу 84% од населението.

МОНАКО – земјата со најмногу милијардери!

Монако е популарно живеалиште кај милијардерите, па така земјата стана водечка во...