Судењето за 27 април се продолжува, на денешното рочиште ќе бидат сослушани техничкиот премиер - Оливер Спасовски и обвинетиот Михаил Младенов.

Објавил: Магдалена Стојмановиќ | 9 март, 2020 11:00

РУСКОСКА ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ВМРОВЦИТЕ: Ќе докажам дека сте виновни за тероризам!

Фото/Текст извор: ©телма

Судењето за 27 април или во политичката терминологија воведен како „крвав четврток“ продолжува и денеска. На денешното рочиште ќе бидат сослушани техничкиот премиер на Македонија – Оливер Спасовски, како и обвинетиот за предизвикување на насилство и загрозување на уставниот поредок на Македонија – Михаил Младенов. Рускоска најавила дека како сведок ќе биде сослушан и Александар Василевски – Нинџа кој беше осуден на 8 години затвор. 

Упад во Собранието на Македонија (познат и како „Крвавиот четврток“) — насилен инцидент кој се случил на 27 април 2017 година кога околу 300 лица од здружението „За заедничка Македонија“ упаднале во Собранието на Република Македонија со цел да го спречат изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието на Македонија. И покрај упадот и насилството, Џафери бил избран за претседател на Собранието, а неговиот избор бил признат од САД, Европската Унија, како и од меѓународната заедница освен Русија.

Освен против директните учесници во „крвавиот четрток“, обвинение е основано и против високи тогашни претставници на ВМРО-ДПМНЕ. Тие се обвинети дека системски и плански работеле на спречување на мирољубиво преземање на власта. Поради тоа наменски предизвикале насилно влегување во законодавен дом и инциденти со што сериозно го загрозиле уставниот поредок на Македонија. Намерното загрозување на уставниот поредок во правната терминологија се третира како акт на тероризам. 

На првото рочиште за организаторите на насилствата во Собранието одржано на 26 февруари, обвинетите Трајко Велјановски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски, се изјасниле дека не се винови за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност”. Поранешните државни функционери од времето на ВМРО-ДПМНЕ, кои се товарат за организирање на „крвавиот четврток”, кажаа дека го сметаат обвинието против нив за политички прогон.

Во истрагата за организаторите на „27 април“ беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Интересно е тоа што обвинителката во овој случај – Вилма Рускоска, изјавила дека обезбедила цртсти и непобивливи докази за вмешаноста на високите партиски функционери во овој случај. Таа дури и со заканувачки тон истакнала дека – со набавените докази ќе успее да го поткова обвинението и да покаже дека Велјановски, Ристовски, Јанакиевски и Атанасовски изготвиле план со намера за загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата со акти на насилство за да спречат мирно примопредавање на власта, што резултира со насилствата на 27 април 2017 година.

По случувањата во Собранието, Јавното обвинителство на Република Македонија, објави дека е поднесен обвинителен акт против 32 лица, од кои 28 за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од чл.313 од Кривичниот законик, а две лица за помагање при вршење на истото кривично дело. Според ЈОРМ, со обвинителниот акт се опфатени три лица, припадници на структурите на Министерството за внатрешни работи, кои како овластени службени лица биле носители на „златна“ и „сребрена“ команда, како и лица кои биле учесници во друга група, како организатори на движењето „За заедничка Македонија“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.