Ќе им каже некој, конечно, на албанците и косоварите, дека нивната "помош", во меѓународното право се вика мешање во внатрешни работи на суверена држава?

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 септември, 2018 7:00

Албанија и Косово ќе помагаат за успешен референдум во Македонија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најголемата албанска опозициска партија, Демократската (ДП), побара од Албанија и од Косово „да сторат се за позитивен резултат на референдумот во Македонија кој е од огромно значење за оваа земја“.

Пренесувајќи го партискиот став, актуелниот пратеник и поранешен шеф на дипломатијата, Тритан Шеху, изјави дека албанскиот фактор на Балканот треба „да влијае на позитивниот резултат на референдумот што ќе се одржи на 30 септември“.

Албанија, Косово и целокупниот албански фактор во регионот треба да бидат активна страна за да помогнат да се постигне позитивен резултат, кој е од витално значење за Македонија, смета Шеху, кој е и најсериозен кандидат за иден градоначалник на Тирана.

Тој додаде дека оние кои сакаат да го „поткопаат” референдумот се оние кои со години создадоа многу вештачки проблеми со Грција, со Брисел и со НАТО, за да ги подигнат пречките во интегративните процеси, за кои нема прошка и кои денес и понатаму се обидуваат да ја стават својата земја некаде далеку на Исток, дури и за интерес на трети земји.

Претходно и шефот на албанската држава Илир Мета ги повикува сите Албанци во Македонија да учествуваат на референдумот на 30 септември и да гласаат за договорот, за отворање на ново поглавје не само во корист на интеграцијата на Македонија, туку и нивната иднина во оваа земја.

Тој верува во успехот на рефенредумот што, според него, ќе биде победа на европските и евроатланските интегративни сили и дух, наспроти „архаичните, антиевропски и анти-НАТО тенденции не само во Македонија, туку и низ целиот наш регион“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.