Денеска неколку стотици албанци излегоа на протест во Ѓаковица, за да ги спречат Србите да го посетат православниот манастир, по повод најголемиот христијански празник Божиќ.

Објавил: Перо Милчин | 6 јануари, 2019 18:07

Албанците на Косово, не им дозволија на Србите да го слават Божиќ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Денеска неколку стотици граѓани од албанска националност излегоа на протест во Ѓаковица, со цел да ги спречат верниците од Србија да го посетат православен манастир по повод верскиот празник Божиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Откако протестот заврши директорот на регионалната полиција Ахмет Хаси изјави дека српските верници нема да допатуваат во Ѓаковица.
Демонстрантите во Косово порачаа дека немаат ништо против православните верници, туку против оние кои се преправаат дека се верници, а истите тие знаат дека сториле тешки злосторства во Косово, во војната што се случи од 1998-99 година.

Демонстрантите на портите на православниот манастир закачија банер со имињата на Србите за кои тврдат дека починиле воени злосторства, како и порака „Ѓаковица не заборава“.

» Ние, граѓаните на Ѓаковица, немаме проблем со нивната вероисповест ниту со нивното право на аџилак, како што тие тоа го толкуваат. Проблемот што го имаме е што меѓу нив има и лица чии дела во текот на војната ги знаеме. Тие имаат име и презиме. Но, ние сме сведоци дека истите ниту се под истрага, ниту се судат, ниту се казнуваат за тие злосторства. Во овие околности кога институционалниот молк става сол на нашите рани, нивната посета на градот кој го удавија во крв и го уништија од темел претставува провокација – се вели во повикот за денешниот протест.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Меѓу демонстрантите имаше и попови, а на масовниот протест се извикуваа слогани и против Владата на Мицотакис, но и против новинарите.

Инциденти во Атина на протестот против вакцината и против задолжителната имунизација

Со инциденти меѓу полицијата и демонстрантите, со молотови коктели, солзавец и топови...