Укинувањето на визите за албанските граѓани е неопходно поради видното зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија

Објавил: Македонка Димкин | 1 јуни, 2019 10:02

Албанците непожелни во Европската Унија, Холандија сериозна во намерата да се укинат визите!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

До Европската комисија Холандија денеска и официјално ја достави Резолуцијата усвоена неодамна во холандскиот Парламент, со која се бара враќање на визниот режим за патување на албанските граѓани во земјите на ЕУ.

Холандија  ваквото барање го достави до европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос.

 На 16 април Холандскиот парламент, по барање на група пратеници од пет политички партии, усвои Резолуцијата за враќање на визите за Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во Холандија. Резолуцијата беше усвоена со 108 гласови „за“ и 42 „против“.

» Укинувањето на визите за албанските граѓани е неопходно поради видното зголемување на криминалот од страна на албанската мафија во Холандија. Овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи низ Европа и ја шират мрежата за криумчарење, се наведува во Резолуцијата.

Со Резолуцијата и се налага на Владата на Холандија да го поднесе оваа барање до Брисел, бидејќи последниот збор во врска со барањето за враќање на визен режим го има Европска Унија.

Амбасадата на Холандија во Тирана појасни дека се до донесувањето друга одлука, за албанските граѓани останува да важи истата визна политика, односно дека на оние државјани на Албанија кои поседуваат биометриска патна исправа не им е потребна виза за патување во Шенген зоната.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.