Не знам зошто правиме толку важна личност од Каракачанов. Тој си прави таму своја ПР-кампања.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 декември, 2020 7:31

Алберт Муслиу: Однесувањето на Бугарија е неевропски и штетно за двете држави

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Однесувањето на Бугарија кон Македонија и спорот за влез во ЕУ е неевропско и штетно за двете држави, не можеме сите да станеме експерти за историја и лингвистика, смета политичкиот аналитичар Алберт Муслиу во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.

Не знам зошто правиме толку важна личност од Каракачанов. Тој си прави таму своја ПР-кампања. За некои работи и да сакаме, не можеме да преговараме. Вашето чувство и идентитет не е административна работа. Не можеме сите да станеме експерти за историја и лингвистика.
Однесувањето на Бугарија е неевропски и штетно за двете држави. Не треба да потпаѓаме под тие провокации, затоа што го креваме рејтингот на тамошните политичари“, смета Муслиу.
 
Ни на вчерашниот состанок на Советот на амбасадори, Бугарија не даде зелено светло за одобрување на рамката за преговори за Македонија.
Како резултат на тоа не беше утврден ни датум за почеток на преговорите, односно за одржување на првата меѓувладина конференција меѓу земјата и Европската унија.
 
Амбасадорите повторно ќе се состанат во среда, а конечната одлука се очекува да биде донесена од Генералниот совет на ЕУ на 8 декември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести