Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 јуни, 2020 22:03

АЛИ АХМЕТИ: Време е за првиот премиер Албанец во Македонија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук профил лидерот на партијата, Али Ахмети.

Дозволете заеднички да ја дефинираме нашата следна цел – на следните избори заеднички да избереме ценета, докажана и прифатлива личност за ПРВ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР, пишува Ахмети во свој статус по повод 18-годишнината од основањето на партијата.

Тој посочува дека денес земјата е полноправна членка на НАТО и преговара со Европската Унија за полноправно членство, а Албанците имаат јазична рамноправност со три универзитети на албански јазик, со училишта, болници, градинки и институции.

„Раководевме како Албанци и граѓани на оваа држава со Собранието, Министерството за одбрана и за внатрешни работи, Народниот правобранител и Државниот правобранител, Врховниот и Уставниот суд, но сега дојде време за нешто поголемо“, нагласува Ахмети најавувајќи ги амбициите на партијата за прв Албанец кој ќе биде премиер на Македонија.

Целта на Демократската унија за интеграција е премиер Албанец, пишува на својот фејсбук профил лидерот на партијата, Али Ахмети.

„Оваа толку важна годишнина за сите нас, заедно да ја определиме нашата следна цел почнувајќи од следните избори и да ја реализираме определбата за да избереме ценета, почитувана и докажана личност, таа или тој којшто ќе го избереме заедно, за првиот Албанец премиер на земјава“, се вели во пораката на Ахмети.

Сепак, тој нагласува дека во моментов албанската политичка сцена е во период на раздор и ослабување на албанската политичка волја во многу партии кои, според него, предизвикуваат раздор и отцепувања.

„Секогаш повторувам дека не ни треба дефакторизација на албанскиот глас во толку многу партии и со локално, а не целосно застапување“, посочува лидерот на ДУИ во своето обраќање.

Демократската унија за интеграција е формирана на 5 мај 2002 година во Тетово, три месеци пред одржувањето на парламентарните избори во 2002 година од јадрото на Ослободителната народна армија (ОНА).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести