Неговото заминување ќе биде во моментот кога треба да се формира техничка Влада на чело со технички премиер, пред закажаните избори на 12 април.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 декември, 2019 15:23

Анѓушев: Ја напуштам Владата!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања, вчера за Тренд Анализа изјави дека неговото заминување од Влада ќе биде на 3 ти јануари наредната година.

Неговото заминување ќе биде во моментот кога треба да се формира техничка Влада на чело со технички премиер, пред закажаните избори на 12 април.

Кочо Анѓушев изјави дека се повлекува од политиката на 3-ти јануари

Анѓушев истакна дека Државната комисија за спречување на корупција погрешила во одлучувањето за случајот во кој антикорупционерите му препорачаа на премиерот Заев да го повика на одговорност за одлучување поврзано со царини на увоз на литиумски батерии.

– „Оваа препорака е донесена за да се задоволи јавноста дека се води борба со функционери, но во случајов јас сум функционер кој транспарентно работи, а дилетанти кои го втурнаа правосудниот систем останаа неказнети“ – вели Анѓушев.

Инаку Анѓушев го најави своето заминување уште на почетокот на минатиот месец. Тој истакна дека со Владата се договорил само за еден мандат.

Анѓушев тогаш истакна дека планира да се посвети на бизнисот и наведе дека крајот на својот мандат го гледа како вицепремиер на влада што креира политики.

Најпрво да кажам дека некои од компаниите каде што имам удели имаат пад од 50 отсто во профитот. Како прво тие не учествуваат на тендери и не добиваат државна помош, потоа други деловни партнери не сакаат да соработуваат затоа што се плашат бидејќи јас сум владин функционер и на крај, јас отсуствувам и не сум таму за да ги креирам економските политики, рече Анѓушев.

Анѓушев претходно изјави дека ваквата одлука ја донел поради тоа што профитот во своите компании рапидно паднал откако тој стана вицепремиер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести