На иконата се уште има траги од мирото, а ако се допре со челото, навистина има специфичен мирис.

Објавил: admin@magazin | 28 април, 2019 10:36

Божјо чудо пред Велигден: Икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ова божје чудо го потврдуваат членовите на црковниот одбор и старешината на храмот, отец Бобан Богдановски кои раскажуваат дека од молитвите пред иконата ја почувствувала една повозрасна жена од Скопје на која, по цели десет години и исчезнале болките во нозете.

Ристо Сетинов, член на црковниот одбор рече дека традиционално, секоја среда пред Велигден во црквата доаѓаат вернички од селото и околината и пред големиот празник генерално ја чистат црквата. Исто така за Ѓурѓовден црквата ќе ја посети и македонскиот архиепископ, г.г. Стефан.

Со радост од црквата раскажуваат дека пресвета Богородица со мироточењето им донела голем број верници во црквата и тоа не само од околината на главниот град Скопје, туку од цела Македонија, па дури и луѓе од соседна Србија ја посетиле црквата.

– Можеби звучи неверојатно, но една верничка која слушнала за мироточењето на иконата во нашата црква, дојде, се помоли пред иконата, потоа ме праша дали имаме крстена вода. Јас и го покажав садот, си пушти од водата и ме праша: отец, водата е газирана!? Јас и одговорив дека само е светена вода и толку. Но, истата верничка, следниот ден повторно дојде во нашата црква, се заблагодари пред иконата и ме прегрна мене и одборниците.

Мироточивата икона во црквата “Свети Ѓорѓија Победоносец” почна да прави чуда!

Рече:Оче, верувале или не, болката во нозете која ја имам цела деценија и која ми го отежнуваше движењето, ми помина”. И еве оттогаш има повеќе од две недели, неколку пати доаѓа, раскажува отец Бобан.

Отецот појасни дека Бог, го дарува чудото за да не направи силни во верата.

Чудото, за оној кој верува не е толку потребно. Чудата кои Бог на директен или индиректен начин секојдневно ни ги праќа, служат за нас кои веруваме уште повеќе да ја засилиме верата во него, тие се духовна радост. И за оние кои се скептични и се сомневаат, што за жал е дел од човековата природа која живее без Бога, ваквите чуда се доказ дека Бог навистина постои. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...