Режисерот на "Ругање со Христa", Бојаџи, чиј татко Андони беше притворен под обвинение дека нелегално тргувал со артефакти, објави дека тој е дома и најави нова премиера

Објавил: Мартин Попоски | 7 октомври, 2018 7:40

Бојаџи: Татко ми е пуштен од притвор – верувам дека станува збор за случајност

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Таткото на Јани Бојаџи е пуштен од притвор, соопшти синоќа режисерот на социјалните мрежи.

Таткото на Јани, кој беше приведен поради наводно присвојување на артефакти, синоќа е ослободен. Режисерот верува дека станува збор за случајност и вети дека следниот филм ќе биде подобар од “Ругање со Христa”.

Тој исто така соопшти и дека овој филм ќе биде прикажан и во Штип.

Почитувани, татко ми повеќе не е задржано лице. “Артефактот” си замина дома. Бескрајно сакам да верувам во коинциденции и случајности, во погрешно место и погрешно време. И, да, секој чесен човек треба и мора да верува во независноста и непристрасноста на судот и обвинителството.

Бескрајно ви благодарам на сите за подржката кон мене и моето семејство. Не знам како да ви се оддолжам освен со ветување дека следниот мој филм ќе биде подобар од овој.

И уште една добра вест. Центарот за култруа “Ацо Шопов” во Штип се согласи штипската премиера на филмот “Ругање со Христa” да се одржи на 9 Октомври, вторник, во 19:30 часот во големата сала. Подготвуваме квалитетна проекција на слика и звук, и се разбира, како и во Скопје со присуство на актерите и екипата на филмот. Браво на штипјани. Ги повикувам и другите градови да го следат Штип. Директори, управи, одважете се, чувството е прекрасно, верувајте ми. – напиша Бојаџи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Град Скопје реагира на лагите и манипулациите изнесени на денешната прес-конференција на Вмро-Дпмне во врска со Универзална сала!

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА

УНИВЕРЗАЛНА САЛА РАБОТИ СО НАСТАНИ И БЕЗ ОБЈЕКТ ВО УПОТРЕБА Град Скопје реагира на...

Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион.

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата...

„Новата градинка ќе биде со капацитет за згрижување на 102 деца, на возраст од 0 до 6 години, за чија изградба и опремување Министерството за труд и социјална политика издвои 50 милиони денари.

Шахпаска: Општина Липково добива нова детска градинка која ќе згрижи 102 деца

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска  заедно со градоначалникот...