Велика Британија е првата земја во светот што одобри употреба на вакцина, додека САД сè уште не го сторија тоа.

Објавил: admin@magazin | 9 декември, 2020 21:22

БРИТАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДИЈА: Еве кој не треба да прима вакцина, веќе се појавија ПРВИТЕ НЕСАКАНИ ЕФЕКТИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Здравствено регулаторно тело на Велика Британија ги предупреди луѓето кои имаат историја на сериозни алергиски реакции, дека засега не треба да примаат вакцина Фајзер против корона, бидејќи во вторникот две лица имале алергиски реакции, објави денеска Националната здравствена служба (НХС).

Двајца членови на NHS, кои ја примиле вакцината првиот ден од масовната вакцинација во Велика Британија, добиле алергиска реакција.

Затоа, Здравствениот регулаторен орган (МХРА) предупреди дека секој што има посилни алергиски реакции на лекови, храна или вакцини, не треба да прима вакцина!

NHS во Англија ги извести сите точки за вакцинација за ова предупредување!

Ова значи дека секој што е на програмата да прими вакцина денес ќе биде прашан дали претходно имал проблеми со алергиски реакции. Професорот Стивен Пауис, еден од директорите во NHS за Англија, рече дека „МХРА даде ваков совет како претпазливост, бидејќи две лица добија алергиска реакција во вторникот“.

Тие две лица се опоравуваат“, додаде тој.

Велика Британија е првата земја во светот што одобри употреба на вакцина, додека САД сè уште не го сторија тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...