Неофицијално предлог имињата на Бучковски и Фрчкоски стигнале и до кабинетот на претседателот Иванов, кој оценил дека не се соодветни да ја претставуваат Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 октомври, 2018 6:23

Бучковски смета дека е предизвик да си амбасадор, МНР во недела не работи?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Бучковски во кратка изјава само изјави дека не “паднале на муабет” на темата, амбасадорско место во САД, додека од Министерството за надворешни во недела немаат увид во работата.

Имено поранешниот премиер, поранешен министер за одбрана и поранешен претседател на СДСМ,  Владо Бучковски не знае дека ќе биде амбасадор во САД. 

Бучковски изјавува дека за ова досега не разговарал ни со премиерот Зоран Заев, ни со шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Голем предизвик е да се биде македонски амбасадор во САД, но за волја на вистината, ниту со премиерот, ниту со министерот за надворешни работи Димитров, не сум разговарал на оваа тема. –  изјави Бучковски.

Од Министерството за надворешни работи ниту ја потврдија, ниту ја демантираа веста.

Денеска е недела и не можам да проверам дали е информацијата точна. Не е ништо итно, ќе проверам утре. – изјави портпаролката на МНР Елена Пресилска.

Како не добивме конкретен одговор, министерството за надворешни работи на Македонија би можело да ја потврди или негира целата листа идни кандидати за амбасадори:

Паскал Гилевски – шеф на кабинет на Димитров, за амбасадор во САД

Горан Стефчевски – дел од тимот што го спремаше Договорот од Нивици – за амбасадор во Унгарија

Оливер Крлиу – амбасадор во Холандија

Кенан Рамадани –  амбасадор во Швајцарија

Сашко Тодоровски – сопруг на Мирјана Најчевска, за амбасадор во ОБСЕ во Виена, Австрија

Фатон Бејта – амбасадор во Копенхаген (како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Драгољуб Павловски -конзул во Детроит (исто како награда за неговиот ангажман во дисциплинската комисија за отказни решенија на 4 политички неподобни дипломати)

Фуат Хасановиќ – за конзул во Истанбул (за истиот имаше извештај од финансиската ревизија проневера од 50.000 долари како амбасадор во Катар).

Предлог решенијата за тоа кои ќе бидат идните амбасадори на Република Македонија во Обединетите Нации, во НАТО и во Кина, се очекува да ги определи Шефот на државата кој веќе неофицијално ги имал и долунаведените кандидати, за кои  категорично сметал дека не се соодветни за да ја претставуваат државата на највисоко ниво во странство .

Владо Бучковски – амбасадор во Вашингтон Д.Ц., Соединетите Американски Држави

Љубомир Данаилов Фрчкоски – амбасадор во мисијата на ОБСЕ во Виена, Австрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.