Пожарот на автобусот направи метеж, а во еден период границата била затворена за влез и излез од државата.

Објавил: admin@magazin | 1 јуни, 2019 17:28

(ВИДЕО)ГОРИ АВТОБУС НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Од засега непознати причини српски автобус, кој се упатил од Македонија кон Нови Сад, се запали на граничниот премин Табановце.

Според неофицијални информациии нема жртви при несреќата, но се уште не е позната причината за пожарот. Автобусот бил полн со патници и патувал од нашата земја кон Нови Сад.

Пожарот кој го зафати автобусот направи метеж, а во еден момент границата беше затворена за влез и излез од државата. Табановце се наоѓа на границата помеѓу Србија и Македонија (граничен премин Табановце) и е оддалечено 8 км од Куманово. 

Околу 16 часот на излез од Македонија дошло до опожарување на двоспратен автобус со новосадски таблички, а патниците се евакуирани. На местото на несреќата излезе противпожарна екипа од Куманово, а засега сообраќајот се одвива нормално – велат од МВР.

Патниците и сите кои се затекнаа на граничниот премин беа видно вознемирени од пожарот. Пожарот е локализиран и ставен под контрола од надлежните служби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Толпата од повеќе илјади демонстранти потоа се упати кон Македонското собрание. Протестот во првите дваесетина минути до половина час, се одвиваше мирно, при што на насобраните, меѓу другите им се обратија и пејачката Ребека, како и актерката Весна Петрушевска.

Насилства пред Собранието: Повредени 47 полицајци, приведени 11 демонстранти на протестот

Собирот од мирен, за кусо време се претвори во четириесетминутна канонада од камења,...

После чекање од 45 минити, полицијата се појави на местото на настанот но него обрзбеди местото на несреќата, туку местото го обезбедија лица што се најдоа на местото!

Тешка несреќа кај Охрид: Полицијата дојде со закаснување од 45 минути

Тешка несреќа на магистралата Охрид Кичево! Денеска после 11 часот на магистралата...

Непознати сторители го оштетиле возилото и со цигли ги искршиле стаклата. Покрај тоа, бил провален автобусот и биле украдени личните работи на патниците и на возачите кои биле оставени во возилото.

НЕВИДЕН СРАМ: Во Скопје каменуван и ограбен српски автобус со руски туристи

Туристички автобус на српски автопревозник, кој превезувал руски туристи, бил каменуван...

Од месната заедница Галичник соопштија дека пожарот избувнал над хотелот „Неда“, а за состојбата известени се надлежните органи.

Голем пожар беснее над Галичник, испратен е хеликоптер за гаснење на огнот

Голем пожар избувна попладнево над Галичник. Според информациите, зафатена е борова...