Кралската двојка вчера во дворецот Виндзор, одржа официјалната прес-конференција и фотографирање за медиумите, каде позираа заедно со нивното новородено бебе. Изгледаа прекрасно и беа среќни. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 мај, 2019 10:32

ВИДЕО: Познато е што и шепна Принцот Хари на Меган пред да го покажат бебето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Меган и Хари пред три дена станаа родители на здраво машко детенце, а пресреќниот пар вчера во јавноста го покажа малиот принц, кој решија да го носи името Арчи.

Кралската двојка вчера во дворецот Виндзор, одржа официјалната прес-конференција и фотографирање за медиумите, каде позираа заедно со нивното новородено бебе. Изгледаа прекрасно и беа среќни. 

Меган и Хари беа пресреќни на вчерашното претставување на нивното бебе

Но, она што го крена сето внимание беше, реченицата која и ја шепна Хари на Меган, пред да застанат пред камерите. На социјаллните мрежи кружи видеото на кое Хари со шепотење кажува нешто на Меган.

Тина Ланин која е професионалец во читање на зборови од уста откри која реченица ја изговори принцот во овој момент.

„Погледни го, баш е мирен. Одиме“-рекол Хари.

Според пишувањата на медиумите, интересно е тоа што синот на Хари и Меган Маркл е единствен на светот кој може да стане и британски крал и американски претседател. Синот на Хари и Меган конкурира и за британскиот престол, но има шест противкандидати. Сепак, мали се шансите детето еден да стане крал, но историчарите предупредуваа дека во британската историја не е необичен случајот редот да се прескокне.

Инаку за време на породувањето, Хари се покажа како многу храбар, и присуствуваше на породувањето на неговата сопруга. Нивното бебе е тешко 3.3 кг, а ова е прво дете на Меган и Хари, кои стапија во брак во мај минатата година.

Според пишувањата на медиумите бебето ќе го крсти познатиот актер Џорџ Клуни со кого се родени во ист ден, но тој се уште не се огласил по ваквите озборувања.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.