Интервјуто на Сашо Орданоски со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски предизвика интерес во јавноста поради нервозата и несигурноста на домаќинот

Објавил: Узунов Бобан | 28 февруари, 2019 7:25

(ВИДЕО) Пронајдете ја разликата помеѓу Сашо Орданоски и Драган Павловиќ-Латас

Фото/Текст извор: ©магазин

 

Некултурно, арогантно и надвор од сите новинарските стандарди новинарот Сашо Ордановски го водеше интервјуто со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Необјективноста, пристрасноста, немањето на концепт и застапувањето на ставови а не реална критика го одбележаа телевизиското интервју на 1 ТВ. 


Преку целото интервју, Орданоски беше пристрастен во полза на власта и жолчно го бранеше ликот и делото на премиерот Зоран Заев и ги релативизираше скандалите на актуелната власт. Овој стил водење на интервјуто многу потсети на интервјуто со кој Латас пред три години имаше интервју со тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев каде имаше низок стил и нестандарден новинарски јазик. Дали Орданоски го намирисал крајот на Зоран Заев и СДСМ па се решил во улога на камиказа да ја спасува власта по цена да си ја извалка долгата новинарска кариера ? 


Конфузијата на новинарот, поставувањето на исти или слични прашања во текот на интервјуто со цел да го збуни соговорникот а во некои моменти се користеа и лични навреди и омаложувања кон соговорникот, во случајов претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на крајот сепак излезе како лош телевизиски производ.

Нејасна е целта зошто Орданоски го поканил Мицкоски на интервју, а од она што го видовме – за да го понижува од позиција на домаќин, на некој кој по логиката на нештата е надреден. Повеќепати му повтори дека е машинец и не се разбира во право, па потоа како учениче да го пофали бидејќи му оди математика. 

Пресвртна точка во интервјуто беше кога Мицкоски спомена дека има некои телевизии во Македонија кои земаат дел од платата на рака со што водителот се вознемири и почна канонадата на напади и навреди кон гостинот.

Орданоски се обидуваше да го дискредитира ВМРО-ДПМНЕ  и  Христијан Мицкоски шпекулирајќи со какви пари е стекнат имотот на неговата партија, но во истиот тој арогантен и дрзок манир не му дозволи да се одбрани. Исто течеше разговорот и на темата случаите на СЈО, за кои Орданоски од ракав тресеше милионски суми со кои ВМРО-ДПМНЕ ја оштетило државата, а Мицкоски немаше право да се посомнева во „математиката“ на домаќинот.

Ако во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кое заврши пред повеќе од две години а кое беше во фокус на новинарот Орданоски, имаше „заробени“ медиуми, денес во „цутот“ на демократијата видовме телевизиско интервју далеку од новинарските стандарди и новинарската етика. Според стилот и речникот на Орданоски, премногу е очигледно дека пред интервјуто со Мицкоски рол модел му било интервјуто на Латас со Заев пред три години. 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Така што, јас верувам дека ние до 2030 година можеме да бидеме членка на ЕУ, доколку ги донесеме одлуките коишто се очекуваат од нас. За тоа веќе постои поддршка и отворен прозорец од страна на ЕУ, рече Ковачевски.

Ковачевски мисли дека до 2023 Македонија ќе влезе во ЕУ

Можноста за поголем пристап на кандидатите за членство до европските фондови ја најави...

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е непознат за пошироката јавност. Од него тешко се наоѓа фотографија, а нема ниту биографија. Обвинителите немаа прилика од него да чујат ниту детали за тоа како планира да раководи со едно од најважните обвинителства во државата, кое треба да се справи со организираниот криминал и корупција.

Добивај вести на вибер
dobivaj vesti na viber
Според информации од „А1он“ кои ги добивме од неколку обвинители со право на глас, тој немал испратено ниту програма до нив. Во фелата важи за почитуван колега и обвинител. Има учествувано во изработка на низа закони.

За него постоеја шпекулации дека е кандидат на ДУИ. Тој никогаш не се огласи со став. Потекнува од Зајас, селото од каде е и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Новиот шеф, Абази, пријавил и дека неговото семејство поседува куќа во Зајас, исто како и Ахмети.



Според анкетниот лист поднесен во Државната комисија за спречување корупција, тој нема ниту куќа, ниту стан, ниту автомобил. Поседува само долгови и мотор. Од недвижнини, на име на неговите родители, има запишано стан во Кичево и куќата во селото на Ахмети. На свое име, има голф 4, кој го стекнал со купопродажба, вреден скоро пет илјади евра. Абази има и кредит oд четири илјади евра, кој го подигнал во 2009 година. Засега не е познато кога последен пат го ажурирал неговиот анкетен лист и дали има промени.

„А1он“ и вечерва се обиде да исконтактира со сега избраниот шеф, Ислам Абази. Го прашавме колку вистина има во тоа дека е кадар на ДУИ, дали се познава со Ахмети и дали остварувал средби, но и каде може да се види неговата програма доколку истата постои. Тој посочи дека изјава ќе даде утре, кога ќе допатува во Скопје.

„Во текот на утрешниот ден ќе дојдам во Скопје и ќе се договориме за изјава преку прес-службата на ЈОРСМ“, вели Абази за „А1он“, неодговарајќи на ниту едно прашање.

Инаку, Ислам Абази беше избран со 66 гласови, преку гласање на сите обвинители во Македонија. На второ место, со 64 гласови или два гласа помалку, заврши скопскиот обвинител Ермон Незири. Досегашната шефица Вилма Русковска доби петнаесетина гласови, а нејзината колшека Деса Пауновска имаше едноцифрен број на поддршка.

Кој е Ислам Абази, новиот шеф на Организиран криминал и корупција

Гостиварскиот обвинител Ислам Абази кој е избран за нов шеф на Обвинителството за...