Нихад Аличковиќ и покрај строгите правила и засилените контроли успеал да внесе мобилен телефон за време на судењето на Караџиќ

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 март, 2019 11:19

ВИДЕО: Скандал во судот во Хаг! Пријател на Насер Ориќ пресудата на Караџиќ ја пренесувал во живо на Фејсбук

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Нихад Аличковиќ,главниот активист на организацијата “Анти Дејтон”, познат по тоа што организираше напад врз српскиот претседател Александар Вучиќ, за време на судењето на Караџиќ, ги прекрши правилата на Хашкиот трибунал.

Големиот пријател на Насер Ориќ пресудата на Караџиќ ја пренесувапе во живо на Фејсбук

Нихад Аличковиќ и покрај строгите правила и засилените контроли успеал да внесе мобилен телефон за време на судењето на Караџиќ, и згора на тоа целото судење да го пренесува во живо на Фејсбук.

“Еве, ќе пренесувам во живо за да може да ја слушнете пресудата, но ќе го сокријам мобилниот, бидејќи вам ви доцни пренпспт половина час. Ако има пресуда за Приједор и другите општини, сакам новост?? Идеме во живо, само пшшшт..”, напиша Аличковиќ во постот објавен на неговиот Фејсбук профил.

Нихад успеал да го внесе својот мобилен телефон и покрај тоа што беа најавени силни контроли  во зградата, особено во судницата, како беше забрането внесување на мобилен телефон и камера. Видеото може да го погледнете ОВДЕ.

Преносот во живо беше забранет, а преносот започна со доцнење од половина час.

Аличковиќ е познат по тоа што беше во групата на насилници кои го каменуваа актуелниот претседател, во тоа време премиер Александар Вучиќ, во Сребреница на 11 јули 2015 година. 

 

Тој истиот ден објави видео како брка повозрасен човек од пред судот во Хаг, бидејќи носел српско знаме.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.