И покрај што е познат на јавноста како висок офицер во АРМ кој командувал со единиците во тетовската касарна 2001 година.Џафери има многу скриени тајни од Македонската јавност.

Објавил: admin@magazin | 26 ноември, 2018 9:11

ВИДЕО: Талат Џафери од “пекар” до претседател на собранието на Република Македонија

Фото/Текст извор: ©Васко Ефтов во центар / магазин

Божидар Делиќ беше началник на штабот на Белградскиот корпус и заменик началник на оперативната управа на генерал штабот на војската на Југославија.Во текот на војната на косово и метохија и за време на Нато бомбардирањето беше командант на бригадата на војската на Југославија распореден на границата Србија и Албанија. Чин на генерал добил 1999 година.

Во продолжение ви доставуваме детална анализа  и дел од интервјуто ан Алфат ТВ во емисијата „ВО ЦЕНТАР СО ВАСКО ЕФТОВ„  што го изјави Генералот Божидар Делиќ за Македонската јавност.

Како Талат Џафери на полицијата и се претставил како “пекар”,и како стигна до Претседател на собранието на Република Македонија. Дезертерството на Талат Џафери, неговото бегство – веројатно за Албанците значи херојство. 

Делиќ објасни детално како актуелниот претседател на собранието на Република Македонија побегнал од касарната на ЈНА и после тоа бегство тој брзо повторно е активиран во Македонската армија. Талат Џафери од својата касарна од Куршумлија, ги зел своите униформи, а од оружјето го зел службениот пиштол, за кој имал право да го однесе. На многумина е познато дека Џафери има и големо искуство со ракување на оружје што имавме прилика да видиме во воените немири што се случија во Македонија во 2001 година, каде беше командант на една од воените албански единици.

Божидар Делиќ беше началник на штабот на Белградскиот корпус и заменик началник на оперативната управа на генерал штабот на војската на Југославија.

Тој веројатно пред бегството од ЈНА учел и разни борбени правила за наоружување и така тргнал за Македонија. Во реонот на Подуево,  го запрела полиција и тој се претставил како пекар, кои работи во Србија и дека оди во Гостивар кај своите роднини. Имал со себе и лична карта, обична како и секој граѓанин. Значи цивилна лична карта. Меѓутоа кога побарале да го отвори багажникот, полицијата видела униформи, воени правила, и го прашале кој е тој навистина. Го задржале на пунктот и не сакале да го пуштат понатаму.И, тогаш ја извадил воената легитимација и рекол дека е поручник. Интересни податоци за актуелниот претседател на собранието на РМ кои беа сокриени долги години во јавноста и од Македонските медиуми.
Потоа полицијата се јавила на командантната единица во Приштина и приштинскиот корпус изјавил : Ние запревме човек, кој се вика Талат Џафери ! Дали е ваш ?

Џафери беше висок офицер во АРМ и командуваше со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово.

Од Приштина рекле дека тој е нивни офицер од Куршумлија, и исто така рекле дека можат да го пуштат, и дека според нивните закони и принципи се било во ред. После тоа полицијата му рекла дека може да го продолжи патот. Од командата на Приштинскиот корпус имало екипа за обезбедување на воената полиција во Качаник и тие очекувале тој да влезе во Македонија, и преку Качаник сакале да го документираат кривичното дело.

Понатака се случувала права драма и сензација .Полицијата го чекала тука со камера да го запрат, да го снимаат и потоа да напишат кривична пријава и да го одведат во затвор. Но тој,изгледа бил попаметен и не отишол на главниот премин, туку на споредниот влез преку Глобочица.

А како што знаеме сите ние граѓаните на Република Македонија,дека тие не го обезбедуваат тој премин и дека на тој начин, така влегол во Македонија. Потоа Талат Џафери за брзо повторно е активиран во Македонската армија и понатаму сите ја знаеме неговата приказна.

Делиќ изјави исто така дека : Што се случуваше додека беше во нашата армија е апсплутно проверено.Јас лично разговарав со многумина од неговата класа од воената гимназија и со оние што работеле заедно со него.

Да се потсетиме дека за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година, Џафери бил висок офицер во АРМ и командувал со единиците во тетовската касарна. На 28 април, на денот кога е извршен масакрот кај Вејце, бил дежурен командант во касарната во Тетово. 

Неколку дена потоа дезертирал и преминал во ОНА како „Командат Форина“. Џафери на 27 април 2017 бил избран за претседател на Собранието на Македонија, што било проследено со упад во Собраниската зграда.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.