Дали во Македонија почнува нова стратегија, прво умри па ќе бидеш тестиран на КОРОНА?

Објавил: Македонка Димкин | 10 април, 2020 23:13

Вистина или пропаганда: Вирусот во Македонија бил од Декември 2019?

Фото/Текст извор: ©архива / новамакедонија

Во примерок од дишното стебло на почината велешанка е најден вирусот, извести денеска министерот за здравство Венко Филипче. Мајка и син, кои најверојатно починале во јануари, а биле пријавени откако од станот почнала да се шири смрдеа, посмртно биле тестирани за коронавирус известува порталот НоваМакедонија.

Поради потврдениот коронвирус кај мајката, министерот Филипче не ја ислучи можноста вирусот да бил присутен во земјава и пред да се појави првиот дијагностициран случај на 26 февруари.

» Кај едно од лицата од Велес најден е вирусот во примерок од дишно стебло. Тешко е да се каже причината за смртта, но во насока на тоа што значајно е зголемена бројката на заболени од грип годинава, не е исклучена можноста вирусот и порано да бил присутен. Посебно поради асимптоматските носители на вирусот – рече министерот Филипче.

Филипче: Ковид-19 постои од декември, едно од двете мртви тела пронајдени во стан во Велес позитивно на вирусот. ФОТО АЛСАТ

Тој најави дека дополнително ќе се анализираат примероците од заболените од грип годинава кои се зачувани во Институтот за јавно здравје. По нивната анализа министерот Филипче очекува да добиеме поцелосна слика за коронавирусот во Македонија. Дополнителните анализи на примероците од заболените од грип ќе се прават откако ќе се намали бројот на новодијагностицирани пациенти со ковид-19.

» Нашиот фокус сега е дијагностицирање и откривање на нови пациенти. Анализа за коронавирус на материјалите од заболените од грип ќе има, но засега поради големиот број нови пациенти нашиот фокус е на пациентите со симптоми на болеста – нагласи министерот.

Анализите на бројките на пациенти заболени од сезонски грип, за разлика од вообичаениот број до минатата година, и историски гледано повеќе години наназад, покажуваат скоро 80 или 90 проценти повеќе заболени. Од претходно 20 илјади, оваа година се евидентирани 37 илјади.

Материјалите на овие пациенти кои се лекувале од сезонски грип, а на кои им биле земени брисеви за анализа на присуство на други вируси предизвикувачи на сезонскиот грип, се се уште во Институтот за јавно здравје и тие би можеле дополнително да се тестираат за да се види дали некој од тие пациенти бил заболен од коронавирусот.

Според последниот пресек, во Македонија има 711 заболени од ковид-19 од кои 41 се излечени, а 32 починати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести