Додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде укинат со измените на Законот за заштита на децата

Објавил: Перо Милчин | 8 ноември, 2018 17:17

Владата ќе го укинува додатокот за трето дете

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Во изминатава година се соочуваме со фрапантни податоци за демографска рецесија од 6,3%, односно бројката на живородени деца за вториот квартал, второто тромесечје за 2018 година изнесува  5.160 деца.

Предлог законот веќе е објавен на страната на Националниот електронски регистар на прописи (ЕНЕР). Следува негово разгледување на владина седница, по што треба да се даде на усвојување во Собранието. Измените во Законот за заштита на децата предвидуваат укинување на додатокот за трето дете воведено во 2009 година од владата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Со овие измени само се потикнува демографската катастрофа, која се случува со рапиден пад на бројот на родени бебиња, историски најмал во историјата на Македонија и се случува жесток пад на бројот на ученици во македонските училишта.

Наместо додатокот, со законските измени се предвидува еднократна помош за секое родено дете. За прво дете висината на еднократната парична помош предвидено е да изнесува 5.000 денари, за второ 20.000 денари, а за трето новороденче 60.000 денари“, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Според досегашниот закон, мајката добиваше 8.048 денари додаток за трето дете 10 години, а за родено четврто дете, ако добива додаток за трето дете, помошта е 11.267 денари во рок од 15 години.

Оние родители кои веќе стекнале право за ваков надоместок ќе продолжат да го остваруваат до завршување на период од 10 години за трето, односно до 15 години за четврто дете.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Македонија