Планирана е средба во Владата каде ќе се разовара на повеќе точки

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 април, 2019 11:12

ВИДЕО: Сите построени пред Владата- еве како беше пречекан грчкиот премиер

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Грчкиот премиер Алексис Ципрас заедно со својата владина делегација пристигна пред Владата каде што беше пречекан со државни и воени почести, од страна на премиерот Зоран Заев и министрите.

Откако со владин авион во 9 часот и 40 минути пристигнаа на скопскиот аеродром, каде беа пречекани од вицепремиерката Радмила Шеќеринска, тие се упатија кон владата.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас со сит епочести беше пречекан од страна на владините министри и премиерот Зоран Заев. ФОТО:Нова Македонија

Инаку ова е прва официјална посета на еден грчки премиер, па поради тоа аналитичарите и медиумите важи за историски момент. Планирана е средба во Владата каде ќе се разовара на повеќе точки, а најголем акцент ќе се стави на економијата, а предвидена е и прес-конференција на двајцата премиери. До сега нема најава за средба на Ципрас со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, ниту со лидерот на ВМРО, Христијан Мицковски.

Ципрас ќе се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а за попладне е најавен бизнис форум бидејќи Ципрас го придружуваат и претставници на сто големи и средни грчки компании кои се заинтересирани за инвестирање во Македонија, па на овој форум ќе се обратат двајцата премиери.

Посетата на Ципрас ќе биде пренесувана во живо од националните телевизии на Грција и на Северна Македонија, вклучувајќи го пристигнувањето на аеродром, свечениот пречек пред Владата, меѓувладината седница, заедничката прес-конференција на премиерите и бизнис форумот.

Извор: Нова Македонија

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести