Катица Јанева после мандатот не би се вратила во ОЈО Гевгелија, каде има работен однос, туку веднаш би преминала 3 скалила погоре како обвинител во Републичкото обвинителство

Објавил: Данаил Михајловски | 19 март, 2019 13:48

Власта бара обвинителите од СЈО да имаат гарантирано унапредување, опозицијата е против!

Фото/Текст извор: ©магазин

Извори од министерството за правда брифираат дека едно од спорните решенија во законот за трансформација на СЈО е барањето на Дескоска секој обвинител кој што имал мандат во СЈО, законски да има гарантирано унапредување и после завршувањето на мандатот да продолжи со работа на раководна позиција во Републичкото јавно обвинителство. Тоа значи дека Катица Јанева после истекот на мандатот не би се вратила во ОЈО Гевгелија, каде имала работен однос како обвинител, туку веднаш би преминала 3 скалила погоре како обвинител во Републичкото обвинителство. Ваквиот повластен статус е еднакво контраверзен како оној предлог дека пратениците после завршувањето на мандатот треба да добијат гарантирани работни места како државни советници, а не да се вратат секој на работната позиција од каде што дошол пред да биде избран за пратеник.

Ваквиот контраверзен предлог на министерката Дескоска е целосно спротивен на изјавата на Заев кога вели “кој сум јас, кој е Мицкоски, да ги бираме јавните обвинители“, но со ваквото решение за СЈО токму власта ги бира и им гарантира висока позиција на Катица Јанева и другите обвинители во рамките на Државното обвинителство. Предлог решението само ја потврдува тезата дека Заев и обвинителите во СЈО се во блиски релации, со заедничка политичка и кариерна цел за што подолго задржување на власта и на статусот кој го уживаат.

Забелешките дошле од опозицијата, но и од дел од стручната јавност, со укажување дека е целосно неуставно некој да има повластена позиција во струката и после одреден мандат за кој се знае дека има почеток и крај, да добие гарантирано унапредување и со тоа да ги стави во нерамноправна положба сите свои колеги од основните обвинителства, чии можности да напрадуваат во кариерата ќе бидат значително намалени. Тоа е исто како да донесете закон кој ќе ги повласти членовите на Републичкиот судски совет и секој судија после мандатот во РСС да биде автоматски унапреден на работна позиција како член/судија во Врховниот суд или во Уставниот суд. Или како да се донесе закон дека секој член во управниот одбор на Агенцијата за супервизија на осигурување, после завршувањето на мандатот, треба да има загарантирано работно место во раководните структури на Народната банка на Македонија.

Ваквиот контраверзен предлог на власта е спротивен на изјавата на Заев кога вели “кој сум јас, кој е Мицкоски, да ги бираме јавните обвинители“, но јавноста сепак добро знае дека токму Заев и Груевски ја бираа Катица Јанева, без конкурс и со политички договор. Истовремено, во јавноста се појавија и докази кои укажуваа на тоа дека Катица Јанева има членска книшка од СДСМ-Гевгелија, а за вработувањата во СЈО имаше реакции дека многу обвинители и судии си имаат вработено свои ќерки, синови и блиски роднини токму во ова обвинителство и тоа за високи месечни плати од 50-65.000 денари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести