Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш.

Објавил: admin@magazin | 21 август, 2022 10:02

ВМРО-ДПМНЕ: Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

„Двојна победа во Тетово, Ковачевски да си даде оставка, предвремени избори веднаш. ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово!

Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот јасно кажа дека СДСМ и ДУИ се минато.

Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови.

Ковачевски веднаш да си даде оставка. Секој ден поминат на власт, ќе биде илјадници гласа минус за него на наредните избори. Народот е јасен, Ковачевски нема легитимитет“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.